Љубовен хороскоп за септември 2016-та година

ljuboven-horoskop-za-septemvri-2016ta-godina-1.jpg

Вага

За промена, Вагите ќе можат малку да се издишат. Следи прилично релаксиран период за вас. Можно е да се соочите со некои ситни расправии, но истите се потполно безначајни и минливи. Сепак, тоа не значи дека треба да ги игнорирате, туку да ги решите најдобро што знаете. Канализирајте ја вашата енергија во креативна насока и заедно со партнерот, слободното време искористете го за некој курс. Голема е веројатноста дека таму ќе склопите некои прилично интересно познанство.

Скорпија

Пред Скорпиите, во септември, ќе се отвори цел свет убавина и искрени емоции. Некој може да ви се отвори и да ви изјави љубов - на најискрениот можен начин. А, можеби и вие ќе бидете тие кои ќе се одлучат за првиот чекор. Никој не рекол дека љубовта нема да ви биде возвратена. Сепак, многу зависи од вас. Не заборавајте дека не сте семоќни иако понекогаш силните емоции прават да се чувствуваме така. Бидете внимателни со оние кои ви се посветени и на убав начин објаснете им ги вашите ставови.

Стрелец

За Стрелците септември не е момент ниту за раскинувања, ниту за почеток на нови врски. Воздржете се од сите поголеми промени кои можат да влијаат не само на вас, туку и на блиските. Најдобро ќе се чувствувате во кругот на пријателите каде можете да бидете слободни и да се однесувате природно. Можеби првиот месец од есента не е најдобар за љубов, но тоа не значи дека не треба да уживате. Останете социјални комуникативни - онакви какви што сте, бидејќи ве очекуваат одлични работи.

Јарец

Овој месец ќе ви донесе нови искуства, а во исто време и емоции за некоја мината љубовна афера. Тоа, колку и да звучи неверојатно, ќе има позитивно влијание на актуелните или потенцијалните врски. Ќе ви даде сосема поинаква перспектива за тоа каде се наоѓате моментално и каде сакате да бидете во иднина. Имајте предвид, дека не можете сè да направите одеднаш. Бидете умерени, внимателни и дозволете минатите искуства да бидат водич по кој ќе се раководите во емотивните врски.

Водолија

Водолиите најдобро е да обрнат поголемо внимание на сопствената интуиција. Правете онака како што ви вели срцето, ако ви сигнализира дека треба да раскинете со партнерот, не се обесхрабрувајте. Тоа едноставно значи дека таа личност не била вистинскиот избор за вас, а дека раскинувањето ќе ви одговара. Секоја ситуација, сепак, е индивидуална и би требало да дозволите емоциите да ве водат. Разумот не мора секогаш да биде вклучен. Септември носи многу можности за остварување на емотивните цели, па важно е да останете доследни на себе.

Риби

За вас, овој септември значи да го слушате своето срце и да останете блиски само со оние со кои посакувате да бидете блиски. Престанете да потклекнувате на препреките кои постојано ви ги испраќаат непријателите. Сè ќе си дојде на свое место, токму тогаш кога треба да си дојде. Имајте на ум, дека понекогаш емотивните темели се далеку поважни од логиката, посебно кога се работи за интимните односи. Не се сомневајте во вашите способности.

Н. Г. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Од која лоша навика треба да се ослободите за да бидете среќни, според хороскопскиот знак Јарец – Прифатете дека неуспехот не значи крај на патот, туку можност за созрева...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Годишен хороскоп за 2024: Овен Во 2024-та, Овните ќе имаат можност за значителен напредок на професионално поле...
Финансиски хороскоп за август 2024: Кои знаци ќе имаат проблеми со парите, а кои ќе се збогатат? Вага - Пред крајот на месецот не позајмувате пари никому, бидејќи постои голема ...
Што може да очекувате до крајот на 2024-та, според хороскопскиот знак? Овен – До крајот на годината ќе имате постојана потреба за промени, но ќе научит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg