Љубовен хороскоп за август 2016-та година
Вага
На Вагите кои се во врска или брак, ќе им биде најважно пријателството и искрениот однос кој го негуваат со партнерот. Топлите денови искористете ги за да развиете заеднички интереси со партнерот, односно да се поврзете на едно сосема поинакво ниво. Можно е во односите да имате успеси и падови, но ништо не е страшно и вечно, затоа не се оптоварувајте со стресни мисли. Важно е да бидете трпеливи и да имате разбирање. Ако сте слободни, исто така ќе бидете со променливо расположение. Секако ќе бидете расположени за флерт, но нема да имате многу трпение за развивање на долгорочни симпатии. Постојано ќе имате замерки, без разлика што и да направи другата страна. Засега уживајте во слободата и не ја форсирајте љубовта.
Скорпија
Вашиот однос со мајката ќе биде пресуден за стабилен однос со партнерот. Иако ви делува чудно, така како што се однесувате со мајката и каков меѓусебен однос имате, така ќе функционирате и на љубовен план. Не е непознато дека нашето однесување во било кој сегмент од животот влијае на односот со родителите, но тоа кај вас ќе биде посебно изразено во август. Најдобар совет е да ги следите вашите емоции и вашето срце, а не она на што сте навикнати или научени. Додека ова ќе биде изразено кај зафатените Скорпии, слободните ќе уживаат во она што го имаат и нема да се оптоваруваат со барање на љубов.
Стрелец
Слободните припадници на овој знак ги очекува интересно и забавно лето. На сите страни ќе има забави и заведувања, а не е исклучено и да започнете врска со личност која инстантно ќе ве освои, иако големи се шансите таа врска да треба да се одржува на далечина. Оваа личност ќе ве натера да го изгубите паметот, ќе сакате многу повеќе време да поминете со него/неа, а посебно ќе ви бидат интересни разликите со кои ќе се соочите. Ќе научите нешто што досега не сте знаеле за љубовта. Ако сте во врска пак, ова е важен период за вас. Работите ќе станат посериозни, па дури и официјални - вашата врска веројатно ќе се круниса со прстен или брак. Ова е одличен месец за да ја разговарате иднината со партнерот.
Јарец
Ова дефинитивно најдобриот месец за љубов во животот на Јарците, без разлика на статусот. Ќе бидете позаинтересирани за љубов, забава и нема да ве држи место. Затоа и ќе го привлекувате вниманието на спротивниот пол каде и да се појавите. Ако сте слободни, ќе ве привлече личност на чии комплименти веднаш ќе паднете. Слободно препуштете се. Ако сте во врска, можни се мали немири во бракот или врската, но со оглед на тоа што сте романтично настроени, се ќе се реши лесно и брзо. Романтиката и нежноста ќе ви бидат главни адути кои треба да ги искористите за смирување на тензиите.
Водолија
Август за Водолиите дефинитивно ќе биде во знакот на сексот. Ќе бидете отворени за експериментирање со некои нови работи и забави во креветот. Секако, ако сте во врска тоа ќе биде со долгогодишниот партнер, а ако сте слободни, слободно и ќе ги одбирате партнерите. Но, тоа не е ништо страшно бидејќи ќе знаете да уживате. Препуштете се на она што ве прави среќни. Во секој момент од љубовниот живот бидете искрени кон себе и слушајте го срцето, интуицијата нема да ве изневери. Во одредени ситуации ќе биде важно д асе контролирате и да знаете кога она што го правите е на граница на претерување.
Риби
Во овој период не ве очекуваат некои промени на поле љубов, без разлика на статусот. Може да се каже дека ова е мирен месец, а сите турбуленции и кавги ќе останат зад вас. Време е да уживате со партнерот, а ако сте слободни посветете се на себе и она што вас ве исполнува. Без оглед на статусот, мешањето на професијата и емоциите нема да биде паметна одлука. Дури и да најдете квалитетен партнер кој ви е колега, чувајте го тоа како тајна. Ништо од приватноста не споделувајте на работното место со колегите.
М. Д. | Црнобело