Љубовен хороскоп за јули 2016-та година
Некои ги очекува незаборавна летна романса која може да премине и во сериозна врска, некои добра забава, а некои пак ќе се одлучат и да запливаат во брачните води.
Што ве очекува во јули?
Овен
Ако сте во врска:
Во овој период, вашето внимание ќе бие насочено кон домот, партнерот и семејството. Во четвртото поле ќе ви бидат здружени Сонцето, Венера и Меркур, па со партнерот, децата и родителите ќе градите емоционално потопли односи.
Овој период е добар за решавање на станбеното прашање, па купувањето на недвижнини или уредувањето на домот ќе ви биде важна тема за разрешување овој месец. Ако го имате решено станбеното прашање, тогаш ќе се концентрирате на реновирање и разубавување на домот. Ќе си создадете совршен дом за заедничко уживање и ќе бидете пресреќни.
Ако сте слободни:
Делува како да сте се измориле од гужвата и бучавата, излегувањата и забавите, па ќе почнете да се дружите само со мал број на пријатели. Ќе ги разгледувате причините поради кои сте престанале да се интересирате за личноста во која минатиот месец бевте силно заљубени.
Меланхоличното расположение на почетокот на месецот, постепено ќе попушти и пред крајот на месецот ќе почувствувате емотивно ослободување, па одново ќе бидете подготвени за излегувања и дружење. Баш тогаш кога најмалку се надевате, ќе имате голема можност да сретнете една згодна Вага, забавен Стрелец или отмен Лав.
Бик
Ако сте во врска:
Ако сте во брак или долга врска, овој месец ќе успеете да постигнете рамнотежа помеѓу ангажманите на работа и обврските кои ги имате кон партнерот и семејството. Напнатоста во односите постепено ќе се смири, а комуникацијата ќе стане подобра.
Брзината на разрешувањето на емотивните проблеми ќе зависи од тоа колку сте подготвени на компромис, колку сте подготвени да попуштите и да толерирате одредено однесување. Само така ќе можете до полно срце да се насочите кон партнерот и семејството.
Ако сте слободни:
Слободните Бикови ги очекува возбудлив месец. Ќе се насочите кон нови предизвици, ќе се посветите на откривање на претходно неистражени места за забава и запознавање на интересни луѓе. Бидете внимателни на почетокот на месецот, кога можат да ви се случат многу разочарувања.
Додека вие трагате на далечина по нова љубов, некој кој ви е во близина, најверојатно во вашето соседство, се обидува да ви се доближи. Еден тивок Рак, нежна Риба или деликатна Девица ја посакува вашата наклонетост.
Близнаци
Ако сте во врска:
Близнаците кои се во брак или долга врска, во овој период ќе бидат прилично емотивни и ќе бидат насочени кон семејството и партнерот. Вашиот однос со партнерот и понатаму е тежок и бара големи промени. Морате да потонете длабоко во срцето за да најдете решение.
На почетокот на месецот, размислувајте со студена глава и обидете се да ја контролирате вашата нервоза за да не го иритирате партнерот и да предизвикате сериозна расправија. За подобрување на односот потребно е време, па бидете само трпеливи.
Ако сте слободни:
Близнаците по природа се великодушни кога имаат доволно средства и секогаш сакаат да ги делат задоволствата со пријателите, а ако овој период добро сте заработувале, ќе се посветите токму на тоа - дружење, излегувања и забава.
До крајот на месецот може да ви се допадне еден суптилен Рак, ваша копија Близнак или сексапилна Скорпија. До крајот на месецот можете да се препуштите на некоја кратка летна романса, па во ниту еден случај нема да ви биде здодевно овој месец.
Рак
Ако сте во врска:
Вашата брачна или партнерска врска полека како да паѓа во монотонија. Секој е зафатен на своја страна со свои обврски и така ќе се родат денови без многу ведрина и заедничка блискост. Обидете се да го вратите назад вниманието на партнерот.
Не се откажувајте и на крајот од месецот, ситуацијата полека ќе започне да се менува, а односите со партнерот и семејството ќе станат потопли. Тогаш ќе можете малку да се посветите и на себе - направете било каква промена, промена на фризура, на гардероберот...
Ако сте слободни:
Сосема поинаква приказна е со слободните Ракови. Вие сте се дотерале, самодовербата ви е на високо ниво и сте полни со енергија - расположени сте за дружење, забава и нови работи. Ќе заблескате, а тоа нема да остане незабележано кај спротивниот пол.
Со вашето расположение ќе го привлечете вниманието на еден зборлест Овен, мистична Скорпија или авантуристички настроена Водолија. Не очекувајте премногу од ова, туку само препуштете се на убавите моменти. На крајот ќе бидете среќни и исполнети.
Лав
Ако сте во врска:
Изминатиот месец постигнавте успех и ѝ делувате моќно на околината. Вашиот партнер може да покаже љубомора, а тоа ќе ве нервира и ќе ве натера да избегнувате расправии и разговори со саканата личност. Вашиот однос малку ќе олади.
Но, по средината на месецот, полека ќе почнат да попуштаат и двете страни. Вие ќе престанете да го избегнувате партнерот, а саканата личност ќе попушти и ќе се обиде да ве направи среќни. Повторно ќе пронајдете заеднички јазик и ќе ја обновите љубовта.
Ако сте слободни:
Изгледате моќно и занесно, па со тоа ќе мамите погледи од вашата околина. Досега се концентриравте исклучиво на себе, вложувавте во себе, а во меѓувреме, љубовниот живот како да исчезна. Потребно ви е некој емотивно да ве размрда и да го задоволи вашето гладно срце.
Ќе најдете предизвик на една забава во последните 10 дена од јули, кога Сонцето ќе влезе во вашиот знак. Вам ќе ви се восхитува еден Рак, ќе ви се наметнува еден Овен, а вие силно ќе се вљубите во ваш истомисленик, Лав или Вага.
Девица
Ако сте во врска:
Претставниците на овој знак кои се во долга врска или во брак, во јули ги очекува комплициран однос со партнерот. Ваквата ситуација ќе биде создадена заради ретроградното движење на Нептун, па ве очекуваат непријатни ситуации и односи.
Во овој период вие ќе сакате да се дружите и партнерот да ги следи вашите чекори, но ќе наидете на одбивање и негодување, кое ќе предизвика расправии. Бесмисленото убедување само ќе ве исцрпува и оддалечува. Напорно, но ќе помине.
Ако сте слободни:
Слободните Девици во овој период ќе најдат мир и среќа во дружењето со старите пријатели, а помалку ќе ве интересира потрагата по партнер и љубов. Посреќни ќе бидете со забавата и излегувањата со пријателите.
Една вечер, сосема случајно, ќе наидете на поранешната љубов. Тоа ќе биде пријатно изненадување и многу брзо, низ разговор ќе се вратат старите емоции. Доволни ќе бидат само неколку дена и ќе се повлечете од дружбата со пријателите, а ќе се посветите на овие емоции.
Уште 6 хороскопски знаци на следната страна...