Финансии според хороскопот: Колку пари ќе имате оваа година?

На некои од хороскопските знаци во 2016-та година ѕвездите ќе им бидат благонаклонети и можат да очекуваат големи финансиски добивки.

site-kje-sakaat-da-bidat-vo-kozata-na-ovoj-znak-eve-kolku-pari-kje-imate-ovaa-godina-001.jpg

Еве што предвидува хороскопот:

Овен

Припадниците на овој знак сакаат слобода, независност и самостојност. Енергични се, импулсивни и се пронаоѓаат во потполно нови и оригинални работи во кои доаѓа до израз нивната смисла за организација.

Но, не се занесувајте премногу, бидејќи има големи шанси да останете извисени. Пасивноста нема да ви донесе никакво материјално богатство, затоа подобро е што побрзо да ги засукате ракавите и да се посветите на работата.

Покритичен период може да ви биде февруари и март, но вашата вродена гордост ќе се активира па ќе работите работи кои не се на вашето ниво, само да избегнете бламирање пред својот познаник кога ќе мора да побарате да ви позајми пари.

Ако успеете да ја надминете својата импулсивност и инертност, другата половина на годината може да ви биде релативно успешна на финансиско поле.


Бик

Биковите никогаш нема да започнат работа која детално не ја испланирале. Подобро не би презеле ризик, отколку да згрешат и да се каат подоцна.

Познато е дека Биковите и парите не одат заедно, бидејќи тие сакаат да се луксузираат, но оваа година ќе биде поразлична. Ве чекаат многу пари на пролет и од тие пари многу добро ќе живеете.

Уште една позитивна работа што ги очекува Биковите е бранот од нови корисни контакти.  Не ја исклучувајте можноста да се позајмите пари од најблиските, пак.


Близнаци

Личностите родени во овој знак се оптимисти, комуникативни и често водат доста брз живот. Меѓутоа, во текот на 2016-та година нив ги очекува прилична парична гужва. Ќе се позајмуваат од сите страни, а најмногу од роднини бидејќи тие се на прво место.

Потпрете се на себеси и пробајте, посебно во втората половина на годината, да ја работите секоја работа која ќе ви биде понудена, бидејќи реално не можете многу да бирате, а долговите мора да се вратат.

Близнаците кои ќе ги решат своите работни задачи внимателно, темелно и одговорно нема да ги изгубат своите позиции. Меѓутоа, нивното ангажирање нема да биде адекватно наградено.


Рак

Раковите се чувствителни души на кои им е потребна нежност, љубов и пријателство. Еден емотивец како Ракот лесно се врзува за секој заработен денар.

Штедењето пари во текот на целата година ќе оди лесно, без сериозни проблеми и компликации, меѓутоа не очекувајте да станете мултимилионер, сепак знаете каде живеете и какви си приликите овде.

Ако сакате да инвестирате, добрите прилики за вас се пекара, теретана, продавница за храна за миленичиња и хемиско чистење.

Запаметете – она што би го вложиле, може да ви се врати многу ефикасно за година или две. Потребно е само да верувате во себе и во својата визија.


Лав

Најнесреќен човек на светот може да биде Лав без авторитет или Лав во пензија. Лавовите оваа година, како и секоја друга, константно заработуваат пристојно, ама и трошат уште попристојно.

За нив зборот штедење не постои, па така редовно одат во минус. Нема потреба да се плашите од работниот ден, потребно е само да знаете како да ги задржите вашите пари.

Наместо да ги вложувате во гардероба, шетање и луксузни патувања, инвестирајте во недвижнини. Да, еднаш се живее, затоа треба и добро да се живее.

Можна е појава на проблеми во втората половина на годината. Во последните три месеци од 2016-та можен е прилив на девизни средства благодарение на соработка со лица од странство.

Меѓутоа, ако не трошите рационално на крајот од 2016-та година, можете повторно да се најдете на нула, затоа бидете внимателни со финансиите.


Девица

Лицата родени во овој знак често можат да се заборават во работата која ја работат. Тивки се, повлечени, промислени и уживаат во работата која бара внимателно планирање и усогласување на повеќе детали.

На пресметливите Девици ништо не може да им избега. Тие постојано знаат точно со колку пари располагаат. Знаат дури и колку комшијата заштедил за црни денови.

Приходите во 2016-та година нема да ја разочараат Девицата, а посебно плодни периоди ќе има на есен и во зима.

Постои можност за промена на работното место или напредување во кариерата што би можело позитивно да се одрази на вашиот буџет.

Како по обичај, своите пари ќе ги чувате. Немате многу доверба во банките, па парите грижливо ќе ги штедите, криете, и повремено ќе ги броите, далеку од останатите во куќата.

Уште 6 хороскопски знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јануари 2024: Бикови - авантура со колега, Овни - проблеми со љубомора Риби – Најверојатно ќе добиете порака или повик од поранешен партнер кој ќе се о...
Причината заради која секој хороскопски знак може да почне да ве игнорира одеднаш Биковите ќе се тргнат ако забележат дека сте неодлучни и нестабилни, а Лавовите ...
6 хороскопски знаци на кои приoритет им е сопствената среќа Лавот ѝ дава приоритет на сопствената среќа така што бара внимание, признание од...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
Годишен хороскоп за 2024: Лав Ќе имате голем број финансиски успеси, но тоа не значи дека ќе можете да се преп...
Кој е вашата скриена (и најголема) дарба, според хороскопскиот знак? Скорпии, навидум сте затворена личност која не открива многу, но вашата најголем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg