Годишен хороскоп за 2016-та - Стрелец

Во текот на 2016-та година очекувајте промени. Ќе тежнеете кон напредок на личен план, а положбата на планетите ќе ви даде бројни можности за тоа.

godishen-horoskop-za-2016ta-strelec-01.jpg

Односите во вашиот живот бараат темелна анализа и ќе морате да донесете некоја тешка одлука. Брзото темпо ќе трае се до април, а потоа ќе можете да се релаксирате и да уживате во добрите резултати од напорната работа и труд.


Љубов

Врските и љубовта ќе бидат турбулентни во 2016-та година. Воздржете се од потребата да доминирате над партнерот. Романтичноста во комбинација со страста ќе ви го подобри односот со саканата личност. Ако односот со саканата личност ви е напнат, не планирајте бременост.


Кариера

Работата ќе ви биде во преден план во 2016-та година. Поработете на подобрување на вашите професионални вештини и завршете ги сите започнати работни проекти и обврски. Соработката со колегите ќе ви биде од голема важност за постигнување на успеси на професионален план. По април треба да забавите и повеќе да одмарате. Тоа е време кога треба сè да анализирате и да ги одредите следните чекори како и да се прилагодите на промените.


Пари

Финансиската состојба ќе ви биде одлична во текот на 2016-та година, но мора да бидете умерени во трошењето на парите. До април разгледајте ја вашата финансиска состојба и намалете ги непотребните трошоци. Луѓето во ваша близина ќе ве убедуваат да трошите на скапи предмети, па најдобро е да се оддалечите од тие личности. 2016-та година е поволна за инвестиции, но не влегувајте непланирано без процена на ризиците.


Здравје

Првиот дел од 2016-та година ќе ви биде енергичен и напорен, па тешко дека ќе можете да најдете време за одмор и забава. Во април ќе имате повеќе време за патувања, релаксација, одмор и забава.


Семејство

Обидете се да остварите што е можно подобри и хармонични односи со саканата личност и децата. Ако сакате да направите сериозни промени на семеен план, тоа можете да го направите во вториот дел од годината.

godishen-horoskop-za-2016ta-strelec-1.jpg

Родените од 22-ри до 30-ти ноември

Сатурн ќе ви помогне да го зголемите своето знаење кое ќе можете да го искористите за да им помогнете на другите. Деловните патувања ќе ви помогнат да го проширите бизнисот и да напредувате на професионален план. Можете да остварите неверојатен напредок, ако преземете поголеми проекти и успешно ги завршите. Ќе се истакнете во социјалните ситуации и ќе остварите нови пријателства.


Родените од 1-ви до 6-ти декември

Ќе имате потполно нов поглед на работите и ќе бидете целосно подготвени да ги прифатите предизвиците и да ги остварите новите идеи. Слушајте што ви зборува срцето и ако ги спроведете тие идеи во дело, ќе постигнете извонредни резултати. Ќе се чувствувате полесно и слободно, ако се ослободите од застарените сфаќања и се прилагодите на новите кои ќе ви донесат напредок. Успех ќе постигнете преку нови проекти.


Родените од 7-ми до 10-ти декември

Ќе се поврзете со вашиот внатрешен свет и ќе ја зголемите вашата свест. Духовноста ќе ви стане секојдневие и ќе развиете нова филозофија за животот. Вашата креативност и фантазија ќе бидат збогатени. Препуштете се на добротворна работа. Вашата енергија насочете ја во помош на оние кои им е потребна, бидејќи само така ќе постигнете внатрешна стабилност, среќа и задоволство.


Родените од 11-ти до 16-ти декември

Внатрешните промени се неизбежни. Потонете длабоко во себе и откријте ги вашите најдлабоко сокриени и несвесни тајни, потреби и желби. Посветете се на медитација, бидејќи така подобро ќе се запознаете себеси. На тој пат кон духовноста и самопознавањето ќе се ослободите од вашите слабости и маани или слабостите ќе ги претворите во предности.


Родените од 17-ти до 21-ви декември

Релаксирајте се и покажете го вистинскиот јас на светот околу вас. Не се плашете отворено да ги изразите вашите желби и потреби на луѓето околу вас. Положбата на планетите ви е благонаклонета и ќе ви помогне во потрагата по нови можности. Прифатете сè што ви доаѓа на патот со позитивен став и така ќе дојдете како до личен успех, така и до професионален.


Заклучок:
Морате да го употребите ентузијазмот кој го носите во себе и не барајте комфорни зони, ако сакате да остварите успех.

Би можело да ве интересира:

Во една реченица: Кој ви е најголемиот проблем во бракот, според месецот на раѓање? Јуни – иако навистина се грижите за партнерот, не знаете како да му го покажете ...
Финансиски хороскоп за април 2024: Кои знаци ќе имаат проблеми со парите, a кои ќе се збогатат? Рак - ако сте невработени, ова ќе биде тежок месец на финансиски план. Размислув...
6 хороскопски знаци на кои не треба да им се доверите (зашто не знаат да чуваат тајна) Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието, па понекогаш намерно открива...
Најмрзливите сопрузи најчесто се раѓаат во 4 хороскопски знаци - кои се тие? Ако сте во брак со сопруг роден во хороскопскиот знак Лав, тогаш многу често мож...
Една работа што сакате да ја правите, но не признавате, според хороскопскиот знак Девици, кога сте сами, сакате да ги проверувате туѓите профили на социјалните мр...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg