Годишен хороскоп за 2016-та - Лав
Јупитер на Лавовите ќе им донесе одлични можности за напредок на сите животни полиња и оптимизам. Идеално време максимално да го искористите вашиот капацитет и да преземате иницијатива.
Со помош на планетите ќе остварувате многу успеси и напредок. Сепак, потребно е и да ги слушате другите луѓе. Во овој период ќе го проширите својот социјален круг што ќе ви помогне да дојдете до остварување на многу успеси.
Љубов
Ако сте сами, оваа година ќе имате бројни можности за да влезете во врска. Помеѓу август и ноември, врската ќе започне да ви се движи нанапред и ќе стане сериозна. Исто така, оваа година е поволна за проширување на семејството, за оние кои сакаат да имаат деца. Лавиците можат да се заљубат и во некое лошо момче, па треба да бидат внимателни да не влезат во некоја несакана авантура.
Кариера
Имате одлични планови и идеи, но потребна ви е поддршка од претпоставените, ако сакате да ги остварите вашите цели. Со колегите треба да бидете љубезни и искрени и да не се двоумите да им кажете што мислите. Во првите три месеци од 2016-та година размислете за вашиот статус поврзан со професионалниот живот и дефинирајте ги вашите идни планови. Потпрете се на вашата интуиција при одредувањето на стратегиите за она што сакате да го постигнете. Кога целосно ќе знаете што сакате, разработете идеи и планови за да можете да се насочите кон делување. Концентрирајте се на процесот кој ве води до остварувањето на целите.
Пари
Посветете се повеќе на управување со вашите средства. Работата ќе ви тргне и ќе заработувате повеќе. Вложете ги вашите пари во вистински цели и обидете се да заштедите што е можно повеќе. Септември е месецот во кој ќе остварите стабилност и подобрување на финансиската состојба.
Здравје
Ќе бидете во добро здравје во текот на цела 2016-та година, посебно во мај. Од август посветете повеќе внимание на вашето здравје, слушајте го вашето тело и одлучете се за здрава исхрана.
Семејство
Семејството ќе ви дава поддршка во остварувањето на професионалните успеси. Слушајте ги советите на домашните. Во однос на саканата личност внимавајте, бидете тактични и помалку агресивни, ако сакате да го задржите добриот однос.
Родените од 23-ти до 31-ви јули
Оваа година ќе остварите одлични деловни односи. Помеѓу февруари и јуни размислете што барате и очекувате од тие односи, но и што можете да дадете за возврат. Животот може да ви биде отежнат ако не се решите од непотребниот товар од минатото. Поразите и неуспесите морате да ги прифатите и храбро да продолжите понатаму. Ако се концентрирате само на материјалната состојба, а го занемарите емотивниот живот, тоа може лошо да се одрази по вашето здравје.
Родените од 1-ви до 7-ми август
Оваа година ќе ве изненади со брзи и неочекувани промени кои ќе бидат вистински предизвик за вас. Овие промени се потребни за да дојдете до напредок во вашиот живот. Соочете се со нив, прифатете ги и прилагодете се. Ќе имате доволно енергија за да се соочите со потешкотиите. За да го одржите вашето здравје, посветете се на физички и ментални вежби.
Родените од 7-ми до 10-ти август
Ќе имате чувство дека сè се променило, што може да ве потишти. Најдобро што можете да направите е да се прилагодите на новите околности. Бидете внимателни со луѓето околу вас. Ако сте искрени во вашите намери, нема да имате проблеми. Слушајте ја вашата интуиција и ќе остварите бројни успеси во текот на оваа година.
Родените од 11-ти до 17-ти август
Успешно ќе се ослободите од сите оние работи кои ве мачеле во минатото, посебно од лошите навики и токсичните односи. Добро анализирајте се себеси и другите. Потребно е да ги разберете вистинските причини за моменталните проблеми, пред да продолжите понатаму. Општо гледано, оваа година треба да се посветите на емотивните проблеми и успешно да ги решите.
Родените од 18-ти до 23-ти август
Пред вас стојат добри прилики на секое поле кои не треба да ги пропуштите. Прифаќајте ги сите работни понуди, нови проекти или нови пријателства, така ќе имате побогата и успешна година. Размислете за вашите цели во првите два месеци од 2016-та, а во останатиот дел од годината посветете им се со целата своја енергија.
Заклучок: 2016-та година е време на промени, нови работи и напредок. Сепак, внимавајте да не одите во крајност и да не претерувате.