Хороскопот советува: Што треба да избегнувате за животот да ви биде поубав?

horoskopot-sovetuva-sto-treba-da-izbegnuvate-za-zivotot-da-vi-bide-poubav-2.jpg

Вага

Избегнувајте храна која содржи премногу токсини, затоа што тоа е вашата слаба точка. Неопходни ви се големи количини на вода ако сакате да си го подмладите изгледот. Не би требало да јадете брзо и избегнувајте се што е студено. Сакате душевен мир по секоја цена, па склони сте на секакви дискусии за да дојдете до него. Не претерувајте со изнудувањето на комплименти.


Скорпија

Иако поседувате неверојатни интелектуални способности, не можете да ги контролирате своите инстинкти. Немате мера во речиси ништо. Кога нешто ќе си замислите мора тоа да го исполните. Ова е предност само ако не им наштетувате на другите. Склони сте кон инфкеции, па за поздрав живот често треба да правите детоксикација. Од вишокот енергија решете се мудро. Наместо да правите екцеси, најдете психо-физички предизвици.


Стрелец

Склони сте на претерување во речиси сè – јадење, пиење, секс, спорт, па и во работата, посебно кога ќе се запалите за нешто. Но, затоа кога ќе станете мрзеливи, ви нема рамен. Избегнувајте ја седечката положба и работата во затворени простории, потребен ви е воздух. Тргнете се настрана од високо калоричната храна, затоа што сте склони на дебелеење во колковите и бутовите.


Јарец

Не би требало се да сфаќате толку сериозно. Пробајте да се ослободите од песимизмот и вродената горчина, како и напливот на негативни мисли кои ви ја уништуваат волјата за работите кои до вчера ги сакавте. Научете да ги елиминирате лошите емоции. Потребен ви е подолг престој на свеж воздух и повеќе активности. Добрите пријатели ви се исто така неопходни за баланс и среќа.


Водолија

Избегнувајте спортови и активности кои ви ја црпат енергијата. Лесно сте подложни на стрес, па би било добро да најдете активности кои ве опуштаат. Избегнувајте носење и големи тежини затоа што секој напор може да ве доведе до лесна повреда. Поседувате добра смисла за драма која ако ја употребувате почесто, ќе си донесете само непријатели. Исто така внимавајте каде ја истакнувате својата самостојност.


Риби

Брзо се заморувате, па тоа е вашата слаба точка на која треба да внимавате. Повлеченоста обично само ви го комплицира животот, па затоа со време треба да пронајдете начин да ги канализирате емоциите и мислите. Подложни сте на вирусни инфекции и благи облици на труења, заради што мора да внимавате што јадете. Железото ви е неопходно, исто како протеините и белковините. Посветете поголемо внимание на душевната среќа ако сакате квалитетен живот.



Би можело да ве интересира:

Најголемите стереотипи за секој хороскопски знак (поради кои луѓето ве осудуваат) Рак - Толку се емотивни, што на моменти делуваат како да се психички нестаб...
Една работа што ви недостасува во животот за да бидете среќни, според хороскопскиот знак Јарци, вие сте вредни и успешни, но во животот ви треба и забава. Мора да научит...
Кога ќе почнат да зборуваат, тешко да ги запрете – Кои се најзборливите хороскопски знаци? Можеби ќе се зачудите што и Водолиите се наоѓаат на оваа листа зашто тие најчест...
Хороскопски знаци кои мразат ноќни излегувања во гужви (и се радуваат ако им откажете во последен ми... Кои хороскопски знаци толку многу мразат преполни ноќни клубови и кафулиња, што ...
6 хороскопски знаци кои не примаат наредби и не можете да ги контролирате Познато е дека Овните се многу тврдоглави и тие веруваат дека во секоја ситуациј...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку паничат кога се под стрес Водолиите се дистанцираат од стресните ситуации со цел да се справат со нив. Мож...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg