Какви се хороскопските знаци во бракот? Близнаците не сакаат ограничувања, Рибите се идеални партнери

kakvi-se-horoskopskite-znaci-vo-brakot-1.jpg

Вага

Мажот Вага е вистински уметник во љубовта, но не е некој на кого му одговара брачниот живот. Тешко се прилагодува. Го привлекуваат жени кои се грижат за сопствениот изглед и кои умеат да се спротивстават кога е потребно. Страсни се, но и неверни.

Жената Вага привлечна и софистицирана жена која секогаш е опкружена со додворувачи. Таа е идеал за кој сонуваат сите мажи. Во бракот тежнее кон хармонија. Жената Вага е вистинска дама која не преферира да ги извршува домашните работи. Сопругот треба да ја и обезбеди луксузен живот.


Скорпија

Мажот Скорпија е посесивен и љубоморен сопруг. Со него тешко може да се достигне среќа во бракот. Непријатните ситуации можат да се избегнат доколку сопругата постојано му ја покажува својата голема љубов. Не сака ладни и доминантни жени, бидејќи смета дека е „глава“ на семејството.

Жената Скорпија сериозно му пристапува на бракот. Партнерот го одбира со срцето, а не разумот. Подготвена е да направи сè за да ги усреќи сопругот и децата. Од друга страна, очекува да биде сакана и бескрајно почитувана.


Стрелец

Мажот Стрелец е роден авантурист како во животот, така и во љубовта. Не тежнее кон брак по секоја цена. Неговата сопруга мора да биде елоквентна, забавна и способна да функционира и без него. На љубовта гледа потполно различно од другите, а љубомората воопшто не ја толерира.

Жената Стрелец пред се е мудра и пријателски настроена како сопруга. Во состојба е да го следи секаде својот партнер. Во бракот не поднесува монотонија и сè ќе направи заедничкиот живот да не ѝ биде досаден. Потребен ѝ е некој кој знае како да се забавува.


Јарец

Мажот Јарец најчесто е посветен на својата кариера, па доста доцна стапува во брак. Сопругата покрај него секогаш ќе чувствува сигурност, но ќе биде лишена од емотивни изливи на нежности. Несвесно секогаш одбира жена која сака да доминира, но очекува и неговите правила да ги почитува.

Жената Јарец е како создадена за мажот кој сака мирен семеен живот без возбудувања. Мажот може да биде целосно сигурен во нејзината верност. Сепак, како сопруга, таа е ладна и воздржана. Не умее да ги покаже своите емоции, дури и тогаш кога е заљубена.


Водолија

Мажот Водолија е непредвидлив и не е идеален за брак. Неговата избраничка не треба да ги отвори сите карти, ако сака да го задржи неговото внимание, бидејќи тој лесно може да се насочи кон некоја личност која е позабавна, поспособна и интересна.

Жената Водолија е едноставна, необична и секогаш пријателски настроена кон својот сопруг. Од бракот бега сè додека не се појави оној Вистинскиот. Во кујната не се снаоѓа најдобро, но затоа ништо не крие и не се срами да ги покаже своите емоции. Склона е кон авантури, ако чувствува дека нејзиниот живот станал рутина.


Риби

Мажот Риби е еден од најдобрите кандидати за брак. Подготвен е да ги исполнува сите желби на својата сопруга, ако има можност за тоа. Најголемиот дел од времето сака да го поминува со своето семејство. Тешко се одлучува да го ризикува брачниот живот за љубовница.

Жената Риби е толку страствена што сите други жени ги фрла во сенка. Често нема доволно сила и волја своите фантастични идеи да ги спроведе во реалноста, па потребен и е маж кој ќе ја води низ животот. Од бракот не се откажува дури и кога чувствува дека повеќе среќа би нашла на некое друго место.



Би можело да ве интересира:

Кои број и боја ќе бидат среќни за секој хороскопски знак во 2024-та? Водолија - Ваш среќен број е 9. Ќе затворите некои стари поглавја и ќе почнете н...
4 хороскопски знаци кои важат за најголеми срцекршачи Овните се страсни личности и авантуристи, но понекогаш може да пр...
Каде да отпатувате ова лето, според хороскопскиот знак? За емотивните Ракови, нема подобра дестинација од Париз. Ако не сте сигурни...
Годишен хороскоп за 2024: Вага Поради унапредување, започнување свој бизнис или, пак, добра инвестиција, година...
5 хороскопски знаци кои црпат сила од нивната болка Јарците својата болка ја користат како отскочна штица, искачувајќи се повисоко и...
Кои 5 хороскопски знаци сонуваат за „кралска“ свадба? Вага - Свадбениот ден сакаат да го направат вреден за паметење, а претпочитаат с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg