Светлата и мрачната страна на хороскопските знаци: Која е вашата?
Вага
Вагите се препотентни, но со стил. Сакаат префинети работи и штедат само кога се плашат од губењето на рамнотежата во животот.
Ако се среќни, не чувствуваат љубомора и лесно можат да ја пронајдат својата стабилност и да живеат во склад со себеси.
Бесот не можат да го контролираат кога гледаат неправда пред себеси или кога не успеваат да ги остварат сопствените желби и потреби.
Скорпија
Овој хороскопски знак не може да се вброи меѓу највеликодушните и широкогради знаци, бидејќи даваат само тогаш кога се сигурни дека ќе добијат нешто за возврат.
Во животот одат секогаш во екстреми - неизмерно задоволство во храна па потполна апстиненција, смиреност па неизмерна агресија.
Многу малку спијат и имаат голема енергија за да се соочат со тешките животни проблеми и не сакаат залудно да го губат своето време.
Стрелец
Нивна главна црта е самоувереноста и преферираат да заповедаат, но не и да слушаат. Без разлика на тоа што сакаат да победуваат во сите животни полиња тие не знаат за завист.
Штедливоста и скржавоста им се непознати карактеристики, бидејќи сакаат да уживаат во сите животни задоволства. Сакаат добра храна и експериментирање.
Стрелците се непоправливи идеалисти и страдаат кога некој од нивните пријатели ја злоупотребува нивната искреност.
Јарец
Вообразени се, амбициозни и сакаат да наредуваат, а благодарение на горделивоста не познаваат и не сакаат компромиси.
Знаат да бидат скржави и да внимаваат на што ги трошат своите материјални средства. Знаат да бидат ладни и воздржани, но и да се најдат во средина на блудот и страстите.
Поради големите амбиции не знаат за мрзеливост, но само на професионален план. Истото не важи и во нивниот љубовен живот.
Водолија
Водолиите се интелектуални снобови кои мислат дека се прилично посебни и генијални во полето кое го одбрале како интерес и знаат да бидат прилично агресивни кога треба да ги бранат своите идеи.
Тие се мудри и внимателни во трошењето, но великодушни со своите пријатели и секогаш им излегуваат во пресрет.
Не се имуни на мрзеливоста, но ако успеат да ја надминат, подготвени се за голема акција.
Риби
Рибите се пречувствителни и живеат длабоко во своите фантазии и знаат често да се прикажат како арогантни личности.
Знаат да бидат завидни на оние кои не го губат своето време за да постигнат сè во животот. Тие се прилично мрзеливи и гледаат работата да ја дадат на другите околу себе.
Не сакаат да освојуваат и агресивноста, ниту па храброста не им се познати поими, но умеат да се бранат со хистеричен бес.