3 најдоминантни хороскопски знаци: Кои се алфа жени, а кои алфа мажи?
Кои 3 знаци важат за алфа жени?
Бик
Жената Бик е совршена. Покрај тоа што е снаодлива, таа знае како да го задоволи партнерот и да овозможи безгранична љубов. Нејзиниот дом е симбол за хармонија и топлина, а паралелно со тоа има неверојатен талент за бизнис. Со оглед на тоа што има фобија од сиромаштија, таа на секој можен начин заработува пари. За незините фантастични облини нема потреба да зборуваме. Ова е вистинска моќна жена.
Вага
Таа е убавица, најубава од сите знаци во хороскопот. Неа штом ја видите се и простувате. Не може да се пофали дека е домаќинка, но затоа се добива на карта на убавина. Има дамски манири и изгледа како божица која се симнала помеѓу „обичните“ жени. За неа не постои врата која не е отворена. Иако не звучи праведно кон другите, таков е животот за Вагите.
Лав
Исто како и кај мажите, така е и кај жените - Лавицата е лавица во буквална смисла на зборот. Нејзината појава фасцинира, знае да ја наметне својата волја и за себе го бира само совршеното. Кралица е на добриот вкус, а дури и кога нешто прави погрешно, ќе најде начин како да ве убеди дека тоа е правилното.