Дали сте утринско или ноќно дете? Времето кога сте родени ги одредува вашите постапки и расположение

dali-ste-utrinsko-ili-nokno-dete-vremeto-koga-ste-rodeni-gi-odreduva-vasite-postapki-i-raspolozenie-02.jpg

1 дел - помеѓу полноќ и 4 часот наутро

Имате тивка и смирена природа, сакате да фантазирате и имате бујна фантазија. Тешко се снаоѓате во реалниот свет. Роден уметник сте, па луѓето често не ве разбираат. Имате племенита и топла душа.


2 дел - помеѓу 4 и 8 часот наутро

Ваши одлики се итрината и хармонијата. Упорни сте и истрајни во сите работи, посебно во практичните. Сакате на другите да им бидете пример, па затоа постојано се докажувате и покажувате.


3 дел - помеѓу 8 и 12 часот на пладне

Имате голема верба, надеж и оптимизам. Весели сте, постојано со некој позитивен немир во вас. Зрачите со несебична љубов и магнетска топлина. Чувствителни сте, наклонети кон уметноста и филозофијата. Имате многу предности и таленти.


4 дел - помеѓу 12 и 16 часот попладне

Ведри сте и полни со енергија. Добри соговорници сте, математичари и физичари. Само треба да ја насочите енергијата во вистински правец. Имате многу таленти и способни сте да ги реализирате, затоа сте успешни на сите полиња.


5 дел - помеѓу 16 и 20 часот навечер

Имате немирен, изгубен дух и по малку сте нервози. Движењата ви се динамични, брзо мислите и делувате. Често ги менувате одлуките и ставовите. Правите повеќе работи истовремено. Оние кои не ве знаат мислат дека сте непромислено брзи, но многу добро знаете што правите.


6 дел - помеѓу 20 часот до полноќ

Умерени сте и упорни на сите полиња. Сакате да доминирате над работите и ситуациите. Рационални сте, магнетски привлечни и важите за голем авторитет. Понекогаш делувате и надмено, но само заради тоа што имате голема самодоверба и креативна енергија.



Би можело да ве интересира:

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според вашиот месец на раѓање Ако сте родени во месец март, тогаш треба да научите себеси да се цените повеќе....
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
4 хороскопски знаци на кои очајно им е потребен одмор Скорпии, можеби пробувате да се убедите дека не ви е потребен одмор, но и самите...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg