Љубовен хороскоп за 2015 година

Откријте што ве очекува наредната година на љубовен план - нови врски, раскинување на старите или љубовна монотонија?

ljuboven-horoskop-za-2015-godina-01.jpg

Овен

Пробајте да одвоите повеќе време за својот партнер, во спротивно може да ви се случи тој или таа да побара љубов на друго место. Март и април се идеални месеци за патување на некоја романтична дестинација со партнерот. Слободните Овни во наредната година ги очекува љубов со Скорпија или Риба, а треба да ги избегнуваат Раковите. Слободните припадници на овој знак може да ја сретнат својата сродна душа во ноември или октомври 2015-та година.


Бик

Партнерот ќе ви биде најголема поддршка во тешките денови кои ве очекуваат, и во емотивна и во психичка смисла. Почитувајте го тоа и заблагодарете се. Биковите добро ќе се сложуваат со Стрелци и Лавови. Оние кои очекуваат веридба, можно е да им се случи кон средината на 2015-та, а слободните Бикови може да доживеат фатална љубов во мај и јуни. Романтичните патувања планирајте ги во јуни и јули.


Близнаци

Трета личност ќе се обиде да се помеша во вашата врска. Внимавајте, на вашиот партнер/вашата партнерка би можело лесно да и се допадне. Во првите неколку месеци дајте сè од себе за да ја спасите врската. Близнаците најдобро ќе се сложуваат со Вагите, а слободните припадници на овој знак ќе се заљубат на самиот почеток на годината. Романтични изненадувања ве очекуваат кон крајот на 2015-та.


Рак

Не ги заборавајте посебните датуми во љубовниот живот. Вашиот партнер ќе го цени тоа и ќе ви возврати со иста мера. Раковите ќе бидат компатибилни со Јарци и Овни, па лесно може да се случи кратка романса со овие знаци, додека најмалку заинтересирани ќе бидат за љубов со Скорпии. Некои љубовни афери кои не сте ги очекувале може да ви се случат оваа година. Септември и октомври се месеци кога треба да испланирате романтични викенди со партнерот.


Лав

Во наредниот период ќе бидете попривлечни од порано, но тоа може да го направи вашиот партнер полесно посесивен. Бидете внимателни да не ја преминете границата. Лавот оваа година можно е да се заљуби во Стрелец или Близнаци, а најмалку заинтересиран ќе биде за Вага. Заборавете на романтични патувања оваа година, но добро би било да приредите некоја романтична вечера без посебна причина.


Девица

Љубоморен член од семејството ќе се обиде да ви ја уништи врската, а ваше е да се борите. Срцето ќе ви го освои некој Јарец или Бик. Слободните Девици ќе се обидат да пронајдат партнер за долга врска, а оние кои ќе успеат во тоа ги очекува венчавка кон крајот на 2015, евентуално почетокот на 2016-та. Романтично патување планирајте во јуни.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за ноември 2024: Ракови - токсична личност од минатото ќе сака да ви се врати во жи... Бикови: Можно е работите да станат сериозни, па да ја официјализирате љубовта со...
Најубавото изненадување што ве чека до крајот на годината, според хороскопскиот знак Риби, ќе ја тргнете најголемата пречка до среќата во вашиот живот. Односно, ќе с...
3 хороскопски знаци кои се најлоши девојки за љубовна врска Девиците се многу критички настроени – и кон себе, и кон нивните партнери. Без р...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
По најдолгиот ден во годината, следува полна Месечина – Како ќе влијае врз хороскопските знаци? Девица – Ако сте сингл, ќе имате можност да ја најдете вистинската личност за ва...
Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg