Тибетски хороскоп: Кој е вашиот пат до мудроста?
Вага - чувствителна експанзија
Вагата е во постојана потрага помеѓу материјалното и духот. Таа поседува мирен темперамент, активна е и никогаш не претерува.
Карма: Вагата е нестабилен знак во Зодијакот, бидејќи е премногу чувствителна. Рамнотежата се состои во: Да не дозволи да се затвори во себе, туку да ризикува и да ја вознемири својата внатрешност.
Скорпија - желба за вечен живот
Сака да ужива во земските страсти, но најмногу ја привлекуваат духовните висини. Може лесно да се изгуби во неконтролираните телесни импулси, а помислата на смртта ја застрашува.
Карма: Скорпијата треба да научи да ја штеди својата енергија и да управува со страстите. Негативните Скорпии можат да се уништат самите себе.
Стрелец - етапа на созревање
Сака да поседува материјални добра и ужива во успехот на Земјата. Стрелецот ја претставува победата помеѓу духот и материјата.
Карма: Не треба да се обидува да се дознае сѐ по било која цена. Внатрешниот мир ќе го постигне со смиреност и со штедење на енергијата.
Јарец - познавање на супериорно знаење
Успехот доаѓа од искушението. Јарецот самиот си ја знае целта на својот животен пат, тој работи во тишина и самотија.
Карма: Сака да се наметнува, а за да се развие мора да контактира со луѓето.
Водолија - свест на избор
Кај Водолијата не постои илузија и таа не може да ги затвори очите пред стварноста. Припадниците на овој знак секогаш се свртени кон другите и ја преземаат сета одговорност.
Карма: Има во себе огромно богатство од љубов, а секогаш живее во страв дека сите ќе ја напуштат. Големината на Водлијата ретко кој може да ја разбере.
Риби - враќање на светлината
Рибите ја претставуваат синтезата на повторното раѓање. 12-тиот знак е симбол на смртта, односно Рибите се деца на морето и живеат во океанот, а самата вода го симболизира крајот на физичкото дишење и почеток на нов дух.
Карма: Треба да се препуштите на морето за да стигнете на врвот од бранот. Припадниците на овој знак комплетната емоционална обнова ја добиваат само од љубовта.
Се пронајдовте? Кој е вашиот пат до мудроста?