Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Од какви болки страда секој хороскопски знак

Влијанието на планетите е различно врз здравјето на секој хороскопски знак поединечно. Ракот има големи проблеми со варењето, Водолиите со срцето, а Биковите патат од болки во ушите.

od-kakvi-bolki-strada-sekoj-horoskopski-znak-01

Во продолжение откријте ја вашата слаба точка според хороскопскиот знак.

Овенот пати од главоболка
Овенот е склон кон размислување и претерани анализи, па заради тоа најчесто го мачат болести врзани за главата. Најчесто има проблем со силни главоболки, поретко му се јавуваат болки во забите, но затоа никогаш нема да пати од црвенила или осипи на кожата.

Ушите се болна точка за Бикот
Бикот најчесто заболува од воспаленија на грлото и има проблеми со вкочанетоста во вратот. Воспаленијата и инфекциите во ушите се нешто од што најмногу треба да се чува.

Близнаците имаат чувствителни дишни патишта
Близнаците се секогаш во движење, па не е ни чудо што се жртви на воспаленија на мускулите и тетивите. Доста проблеми имаат и со хроничната кашлица, чести настинки, бронхитис и болки во рамениците.

Раковите имаат проблеми со варењето
Емотивниот Рак е доста чувствителен како на своите, така и на туѓите проблеми, па можеби затоа секогаш пати од болки во желудникот и стомакот. Неговата лутина и тага е тесно поврзана со варењето на храната во желудникот, па секој стрес влијае негативно на нивното варење.

Лавот мора да внимава на срцето
На Лавот најголем проблем му задава срцето и циркулацијата проследена со болки во грбот. Заради тоа овој хороскопски знак мора да внимава на холестеролот, да избегнува масна храна и да зајакнува со кардио вежби.

Девицата ја мачат алергии и чирови
Исто како и кај Близнаците, така и Девиците имаат проблем со варењето на храната. Токму затоа тие најчесто страдаат од чирови на желудникот, алергии на храна, болка и мачнини во стомакот.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Кои 5 хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во 2025-та? Лавови - Во 2025-та ќе зрачите со некоја посебна магија и шарм од самото тоа што...
Еден хороскопски знак кој важи за најлош во кревет (+зошто) Сексот со припадниците на овој хороскопски знак може да ви биде големо разочарув...
6 хороскопски знаци на кои често им е подобро сингл (+ зошто) Oвен: Сакаат спонтаност и лична слобода и не им е пријатно кога треба да прават ...
5 хороскопски знаци кои имаат тежина во душата по секоја кавга Знаете кога во народните приказни ќе кажат „имам жаба на душата“? Епа таков тип ...
6 хороскопски знаци кои (најверојатно) ќе имаат богати партнери во животот Бик: Тие се познати по тоа што го ценат луксузот и комфорот, па природно им доаѓ...
Хороскопски знаци кои ќе имаат успех во кариерата и љубовта до крајот на зимата 2025 Скорпија - Ненадејно ќе добиете деловна шанса што може да ви ја подобри финансис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg