Моден хороскоп: Рак

Сите оние жени кои се наоѓаат во овој хороскопски знак или подзнак се романтични души и вечни сонувачи. Доколку овие особини успеат да ги истакнат преку својот стил и модни комбинации, тогаш сигурно ќе изгледаат како од педесеттите години. Прва асоцијација за типичните жени Ракови се цветните мотиви, парчиња облека со ретро изглед, по некое романтично парче и накит во форма и боја на љубовта.

moden-horoskop-rak-01

На Раковите најдобро им прилегаат белата, сребрено сивата и светло сината боја. Тие бои ја истакнуваат нивната нежност и многу влијаат на расположението. Затоа, често знаат стилот да го сменат во последен момент, зависно од ситуацијата и нивото на среќа. Умеат да изгледаат одлично во речиси секој стил, од спортските тренерки па сè до класичните фустани и здолништа.

Меѓутоа, имаат прилично постојан вкус кога станува збор за долната облека. Таа секогаш мора да е квалитетна, од меки материјали, а понекогаш и доста луксузна во однос на она што го носат врз долната облека. Сепак, бидејќи Раковите се симбол на куќата и семејството, најудобно се чувствуваат во своите пижами, лесни тренерки, летни фустанчиња и меки папучи.

Што се однесува до накитот, жените родени во овој хороскопски знак обожаваат едноставни модели на накит од бело злато, иако некогаш ќе им биде доволен само рачен часовник или мали бисерни обетки.

Препознатливи се и по обичните маички со апликации кои обожаваат да ги носат секој ден во комбинација на тесни фармерки, шорцеви и балетанки – вистински романтичари!

Модни предлози за жените родени во овој знак:

moden-horoskop-rak-1

moden-horoskop-rak-2

moden-horoskop-rak-3

moden-horoskop-rak-4

moden-horoskop-rak-5

moden-horoskop-rak-6

Идеална романтична претставничка на жените Ракови:

moden-horoskop-rak-7

Би можело да ве интересира:

Еден хороскопски знак кој важи за најлош во кревет (+зошто) Сексот со припадниците на овој хороскопски знак може да ви биде големо разочарув...
5 хороскопски знаци кои имаат тежина во душата по секоја кавга Знаете кога во народните приказни ќе кажат „имам жаба на душата“? Епа таков тип ...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
6 хороскопски знаци на кои често им е подобро сингл (+ зошто) Oвен: Сакаат спонтаност и лична слобода и не им е пријатно кога треба да прават ...
6 хороскопски знаци кои (најверојатно) ќе имаат богати партнери во животот Бик: Тие се познати по тоа што го ценат луксузот и комфорот, па природно им доаѓ...
3 хороскопски знаци кои ќе ја пронајдат љубовта во есен 2024 Јарец: Ќе ја пронајдете стабилноста и љубовта за која одамна копнеевте. Оваа есе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg