Магијата на свеќите - Како да ви се исполнат желбите

Свеќите поседуваат магични својства кои се однесуваат на нивното подарување и палење според желбите, потребите, но и според хороскопскиот знак.

magijata-na-svekjite-kako-da-vi-se-ispolnat-zelbite-1

Еве како можете да ја насочите нивната енергија за да ви се исполнат желбите, а животот да ви биде полесен и поубав.

Свеќите, како и нивните бои имаат извесна симболика. Затоа внимателно одбирајте кога бирате свеќа за подарок.

Ако сакате желбата да ви се исполни, запишете ја на хартија која потоа ќе ја запалите на пламенот на свеќата за пораката во облик на чад да одлета на небото. Овој обичај датира од прославите и фестивалите во чест на божицата Артемида. И денес се ставаат свеќички на роденденските торти, па се посакува желба додека се гаснат.

Самата боја на свеќите носи одредена желба која ја упатуваме некому и си ја посакуваме себеси.

Еве што значи секоја боја:

Бела – боја на енергијата, новиот живот, новите односи. Идеална е како симбол на нови почетоци и нова љубов.

Црвена – боја на промени, но промени кои што бараат решителност и храброст, боја на смелост и предизвици.

Портокалова – подарокот на ваква свеќа има јасна порака. Така некому му посакувате среќа, здравје и складни односи во куќата. Портокаловата боја е боја на идентитет и служи за зајакнување на самодовербата.

Жолта – боја на комуникацијата, учењето и патувањето. Тоа е боја на љубопитни и интересни личности.

Зелена – боја на љубовта, онаа трајната, искрената и големата, но и боја на лечењето, бидејќи е боја на природата.

Плава – боја на моќта, но и правдата, боја која се подарува кога се посакува успех во кариерата и напредување во работата.

Виолетова – Виолетовата е боја на развој на натприродна моќ, духовност и внатрешна хармонија, тоа се свеќи со кои се размислува и медитира.

Розова – боја на смирување, деца и семејство.

Кафена – боја на домот, финансиската моќ и безбедноста, боја која се поврзува за зголемување на имотот и добрите роднински односи.

Сива – боја која ги означува вашите тајни желби.

Златно жолта – боја на долгорочни амбиции и напредок. Како што златото е симбол на моќта, така и златните свеќи се подарок кој претскажува успех.

Црна – боја за крај и ослободување од вина или каење.


Секој знак во хороскопот е преставен со некоја боја или со повеќе бои, а секоја боја преставува некоја особина или квалитет:

magijata-na-svekjite-kako-da-vi-se-ispolnat-zelbite-2

Овен: Црвена – храброст

Бик: Розова – трпеливост

Близнаци: Светлосива или жолта – сестраност

Рак: Сребрена – скриен потенцијал

Лав: Златно жолта или портокалова – моќ и енергија

Девица: Зелена или светлосина – склоност кон перфекционизам

Вага: Сина или виолетова – врамнотеженост

Скорпија: Темно црвена или црвена – проникливост

Стрелец: Жолта или портокалова – јасни цели

Јарец: Кафена или црна – истрајност

Водолија: Индиго или темно сина – независност

Риби: Бела или светло виолетова – интуиција

Би можело да ве интересира:

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Што да правите во зима за да се чувствувате посреќни, според хороскопскиот знак? Бикови, размислете што можете да промените во домот - дали можеби ќе ставите нек...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
Мрачен хороскоп: Во кои знаци се раѓаат најмногу сериски убијци? На листата сериски убијци родени во знакот на Скорпија има седум имиња, а меѓу н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg