Годишен хороскоп за 2013 - Овен
Општо: Оваа година во вашите животи ќе донесе многу промени, особено во втората половина кога се очекува комплетен пресврт. Тоа може да биде негативно, но и позитивно искуство, се ќе зависи од вас и како вие ќе го прифатите овој настан. Ѕвездите во првиот квартал на годината зборуваат како некој ќе ве изненади со подарок кој сте го очекувале долго време. Во однос на вашиот карактер, во тековната година може да настанат драстични промени во семејните односи, бидејќи има шанси вашето однесување да им оди на нерви, па затоа да преземат драстични мерки.
Во наредниот квартал од годината очекувајте патување со вашите најблиски, па би било добро да разговарате за иднината на одредено пријателство или љубов, со цел да се избегнат недоразбирањата. Што се однесува до работното место и развојот на бизнисот, во овој сегмент нема се да се развива како што сте планирале. Затоа ве советуваме ако сте вработени да се трудите да го зачувате работното место, бидејќи ако не се трудите доволно многу блиска личност има можност да ви стане нова конкуренција.
Овенот оваа година исто така би можел да се соочи со сериозна материјална штета на нивниот движен или недвижен имот. Сепак, хороскопот за оваа година не ви носи само лоши искуства. Во последниот квартал ќе уживате во прекрасни нешта според кои сепак годината ќе ја завршите задоволни и ќе ја карактеризирате како успешна и позитивна.
Љубов: Годишниот хороскоп покажува дека семејните и интимните односи ќе бидат заострени во првата половина од годината. Всушност, има шанси тие да излезат од контрола. Бидете подготвени се да држите под контрола, без оглед дали станува збор за несогласување со семејството или пак со саканите. Игнорирањето на малите знаци за предупредување може да доведе до сериозни проблеми. Ако сакате хармонија во 2013 година, бидете спремни со разговор да ги решите сите недоразбирања. Доколку Овенот ги надмине драматичните моменти во првата половина на годината на љубовен план, во втората половина нема да наиде на поголеми пречки. Што се однесува до сексуалниот живот, ќе биде богат во текот на целата 2013 година.
Здравје: Здравјето во текот на оваа година ќе биде на високо ниво, така што не ќе треба да се грижите за проблемите кои ве следеа до сега. Исто така за оние кои имале проблеми со алергии во оваа година, конечно ќе се ослободат од нив. Пролетниот период после долго време за вас ќе стане период кога ќе уживате. Единствен совет кој можеме да ви го дадеме е да внимавате на количеството на железо кое го внесувате. Пробајте да ги вежбате вашето тело, срце и ум што поредовно. Хранете се здраво, вежбајте и не заборавајте да му го овозможите одморот на телото преку редовното спиење. Ова е година кога можете да испробате некој нов спорт за кој долго време размислувате или да одвоите малку време за себе и да ја исфрлите негативната енергија во вежбалната.
Среќни броеви за оваа година: 15, 11, 2, 8, 19.
Среќен месец: Септември
Песна која ќе ви ја одбележи годината:
Утре следува годишен хороскоп за Бик.