Една нарцисоидна одлика на која треба да поработите, според вашиот хороскопски знак

edna-narcisoidna-odlika-na-koja-treba-da-porabotite-spored-vashiot-horoskopski-znak-02.jpg

Вага

Некогаш знаете да го скриете вашето вистинско лице бидејќи сметате дека сите се дволични.

Како да немате добро мислење за некоја личност и убедени сте дека сите се преправаат, па истото го правите и вие.

Можеби треба повеќе да им верувате на другите.

Скорпија

Вашата желба за одмазда може да биде застрашувачка ако не ја контролирате.

Можете да глумите дека сте наивни и несвесни што се случува, а во себе да го кроите најзлобниот план.

Некогаш не вреди да трошите толку енергија на некој што не е ни важен во вашиот живот.

Стрелец

Вашит токсичен темперамент, заедно со неспособноста да простите, можат да ве направат особено нарцисоидна личност.

Немилосрдни сте кога сакате да се одмаздите бидејќи сте убедени дека сите треба да ве сакаат.

Јарец

Можете да бидете вистински убиец на туѓата среќа со вашиот песимистички поглед кон светот.

Мислите дека ако вие не сте среќни, не треба ни другите.

Престанете толку да се фокусирате на туѓата среќа и прво погрижете се за вашата.

Водолија

Можете да бидете навистина ладна личност ако сфатите дека немате корист од некого.

А, доста често поради ова ги губите блиските пријатели.

Не заборавајте дека луѓето не треба да ви бидат корисни за да заслужат да бидат во вашиот живот.

Риби

Некогаш сте мошне алчни и сметате дека заслужувате сите да ви даваат предност.

Заборавате дека не сте најважната личност на светот и дека не секој смета дека треба да сте главни.

Кога ќе сфатите дека се однесувате себично, пробајте да се контролирате.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Часот на раѓање ги открива вашите скриени таленти: Дали сте предодредени за лидер или за ѕвезда? Ако сте родени од 08 до 10 часот, вие сте голем љубител на самотијата и не ви се...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Најубавото изненадување што ве чека до крајот на годината, според хороскопскиот знак Риби, ќе ја тргнете најголемата пречка до среќата во вашиот живот. Односно, ќе с...
Една лага која треба да престанете да си ја кажувате, според хороскопскиот знак Водолија: „Премногу сум различен/а за да се вклопам каде било“. Водолија: „Пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg