Една нарцисоидна одлика на која треба да поработите, според вашиот хороскопски знак

Риби, некогаш сте навистина алчни и убедени сте дека сите треба да ви даваат предност.

edna-narcisoidna-odlika-na-koja-treba-da-porabotite-spored-vashiot-horoskopski-znak-01.jpg

На никој не му е сеедно да слуша за своите лоши особини, но некогаш треба некој да ни ги „отвори очите“ за да воочиме што правиме лошо.

Не постои совршена личност и сите имаме и по некоја лоша карактеристика, а она што е важно е барем да пробаме да работиме на неа.

Која е вашата нарцисоидна одлика, според астрологијата?

Овен

Генерално сте добра личност, но некогаш им дозволувате на несигурноста и паранојата да ве обземат до тој степен, што станувате нетрпеливи и импулсивни.

Ако размислувате разумно, ќе ја искористите амбицијата за нешто добро.

Но, ако ѝ дозволите на нарцисоидната личност во вас да се истакне, тогаш можете да бидете и мошне токсични и сурови за да стигнете до целта.

Бик

Дозволувате вашата тврдоглавост да ве направи егоцентрични, дури и во ситуации кога со ова ги повредувате другите.

Пробајте да разберете дека не сте секогаш во право и запомнете дека нема потреба да бидете сурови кон луѓе кои не ви мислат лошо, туку само не се согласуваат со вас за некои работи.

Близнаци

Вие сте експерт за почнување караници, но меѓу други луѓе.

Можете да бидете мошне дволична личност и да се преправате дека поддржувате некого.

Но, сето ова за да можете да го озборувате со некој друг, со надеж дека ќе почнете конфликт.

Рак

Можете да бидете посесивни и манипулативни кога станува збор за романтични врски.

Сакате да создавате хаос, а да глумите дека сте невини кога некој ќе сфати што правите.

Некогаш сте способни и да се вмешате во туѓа врска за да добиете нешто што сакате.

Лав

Можете да бидете навистина егоцентрични и да дозволите желбата за внимание да ве направи личност која воопшто не се грижи за другите.

Кога не сте во центарот на вниманието, подготвени сте да ги прегазите дури и најблиските.

Не дозволувајте оваа желба да ви го расипе односот со саканите.

Девица

Вие очекувате другите да бидат совршени, како вас, па постојано ги критикувате.

Уште полошо е што наоѓате оправдување за своите недостатоци, но кога ќе ги забележите кај некој друг, станувате сурови.

Ако, пак, не се контролирате, подготвени сте и да обвините некој друг за вашите грешки, само за да не ја уништите совршената слика за себе.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Часот на раѓање ги открива вашите скриени таленти: Дали сте предодредени за лидер или за ѕвезда? Ако сте родени од 08 до 10 часот, вие сте голем љубител на самотијата и не ви се...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Најубавото изненадување што ве чека до крајот на годината, според хороскопскиот знак Риби, ќе ја тргнете најголемата пречка до среќата во вашиот живот. Односно, ќе с...
Една лага која треба да престанете да си ја кажувате, според хороскопскиот знак Водолија: „Премногу сум различен/а за да се вклопам каде било“. Водолија: „Пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg