Финансиски хороскоп за јануари 2025-та - Кои знаци ќе имаат загуба, а кои ќе се збогатат овој месец?

finansiski-horoskop-za-januari-2025-ta-koi-znaci-kje-imaat-zaguba-a-koi-kje-se-zbogatat-ovoj-mesec-02.jpg

Вага

Ако имате свој бизнис, ова ќе биде тежок месец за вас на финансиски план, бидејќи е можно да немате доволно пари за да ги исплатите вработените.

Вагите кои работат во сферата на уметноста или образованието ќе се изненадат од неочекувана добивка.

Сепак, кон крајот на месецот не се впуштајте во големи вложувања, или ако некој ви побара пари на заем - одбијте го.

Скорпија

Чувствувате притисок на работа, па размислувате да си дадете отказ, дури и по цена да останете неколку месеци без пари.

Според астролозите ова не е добра идеја, бидејќи финансиски неповолниот период може да потрае и до 6 месеци.

Јануари е месец кога мора да го намалите трошењето, па купувајте само работи што ви се неопходни и не правете залиха на евтини, а непотребни предмети или храна.

Стрелец

Месецов може да е тежок за Стрелците кои имаат приватен бизнис и работат со партнер, бидејќи може да се случи да го раскинете партнерството и тоа да предизвика финансиска нестабилност.

Оние Стрелци, пак, кои работат во областа на маркетингот, може да очекуваат зголемување на платата.

Почнете ја годината со план за штедење до кој ќе се придржувате во следните 12 месеци.

Јарец

Ако годината ја завршивте со добивка, на почетокот на Јануари ќе дојде до израз вашата дарежливост, па ќе сакате да донирате пари во хуманитарни цели.

Иако не треба да очекувате поголема добивка, месецов нема да имате ни загуба, па ќе бидете задоволни.

Ова ќе биде одличен финансиски период за сите оние чија работа е поврзана со пишување.

Водолија

Многу Водолии ќе сакаат да ја сменат работата - ова не е најповолен период за тоа, но ако сте решени, подобро прифатете помалку платена работа, отколку да „седите дома“.

Некои Водолии ќе добијат пари (или имот) од наследство или, пак, добивка од игри на среќа.

Кон крајот на месецот не вложувајте во несигурни работи и не потпишувајте договори кои може да ви наштетат финансиски.

Риби

Почетокот на месецот нема да ви донесе големи промени, но веќе од средината на јануари работите ќе тргнат на подобро.

Не барајте голема деловна можност за да се збогатите преку ноќ - подобро работете неколку помали работи и очекувајте финансиски прилив од неколку страни.

Доколку сакате да заработите повеќе, обидете се уште на почетокот на јануари да најдете работа на некој проект финансиран од странски фондови.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Финансиски хороскоп за март 2024: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблеми со парите? Јарец - Во првата половина на март ќе добиете деловна понуда која ви е сомн...
Една работа што секој хороскопски знак мора да ја слушне пред да заврши 2024-та Водолии - Вратете се во живот, светот ве повикува и им недостасувате на сите. Не...
Финансиски хороскоп за септември 2024: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат потешкотии со парите... Вага - Ако размислувате за нова работа и повеќе пари, почекајте до следниот...
Една работа со која секој хороскопски знак ги нервира луѓето околу себе Рибите се најчувствителни од сите хороскопски знаци. Па, ако кажете нешто што не...
Финансиски хороскоп за август 2024: Кои знаци ќе имаат проблеми со парите, а кои ќе се збогатат? Вага - Пред крајот на месецот не позајмувате пари никому, бидејќи постои голема ...
Финансиски хороскоп за декември 2024: Кои знаци ќе загубат пари, а кои ќе се збогатат? Бик - не претерувајте со купување непотребни работи, особено пред новогодишните ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg