Љубовен хороскоп за ноември 2024: Ракови - токсична личност од минатото ќе сака да ви се врати во животот

ljuboven-horoskop-za-noemvri-2024-rakovi-toksichna-lichnost-od-minatoto-kje-saka-da-vi-se-vrati-vo-zhivotot-02.jpg

Вага

Ако сте во врска:

Со партнерот може да бидете во тензични односи поради љубомора. Тензиите може да се и поради финансиски проблеми или некој друг облик на незадоволство во партнерските односи.

Клучно е да комуницирате отворено и заедно да ги донесете важните одлуки за иднината. Ќе имате убави можности заедно.

Ако сте слободни:

Ќе бидете во искушение да влезете во паралелна врска со личност од минатото и тоа може да ви го искомплицира животот. Ќе ви биде потребна многу енергија за да испливате од сето тоа.

Дури кон крајот на месецот ќе запознаете личност, каква што си замислувате да имате покрај себе.

Скорпија

Ако сте во врска:

Ќе ви биде потребно многу трпение затоа што партнерот од вас бара невозможни работи.

Ако врската ви е нестабилна, може да ѝ дојде крај кон средината на месецот и тоа на ваша иницијатива.

Ако успеете да ја спасите врската, можно е да дојде период на стабилизација.

Ако сте слободни:

Ќе бидете расположени за флерт и за нова љубов, но некако нема да ви оди од рака, па периодов ќе го минувате во дружби со пријателите и со постарите членови од семејството.

Посветете се на себеси и не правете работи само затоа што така треба. Има време за сè, уживајте во периодот посветен само на себе.

Стрелец

Ако сте во врска:

Не мора да вршите толку голем притисок кога станува збор за односот со партнерот.

Иако имате чувство дека тој сака да ви ја наметне неговата волја, ситуацијата е обратна. И наместо на партнерот, повеќе внимание периодов посветувате на домот и на сè останато.

Опуштете се и олеснувањето брзо ќе дојде.

Ако сте слободни:

Ќе имате силна потреба за што побрзо да стапите во врска, но бидете трпеливи.

Ќе запознаете квалитетна личност, но клучно е да си дадете доволно време за да се зближите со потенцијалниот партнер. Нема потреба од избрзани потези.

Јарец

Ако сте во врска:

Пред вас претстои прекрасен период, погоден за заеднички патувања, уживање и давање на обострана поддршка. Ова ќе ви ја освежи веќе постоечката љубов.

Партнерот можно е да има проблеми на работа, па добро е да бидете до него.

Ако сте слободни:

Можно е да стапите во врска со личност, која постепено ќе стане навистина стабилна. Вашиот љубовен живот може да ве одведе и во странство.

Личноста која ви е предизвик сака да бидете заведена со интелигенција, а вие го можете тоа.

Водолија

Ако сте во врска:

Ако сте во лабава врска, можно е токму ова да е месецот за стабилизација.

Ако сте во стабилна врска, тогаш вашиот партнер повторно ќе направи срцето да ви заигра со некој свој потег.

Периодот кој ви претстои ќе ви биде исполнет со заемно разбирање.

Ако сте слободни:

Обожавате да излегувате, да се дружите и да уживате во настани од секаков тип, па лесно запознавате нови луѓе.

Една од овие личности месецов ќе биде вистинската за вас. Иако на почеток ќе почне комплицирано со тек на време може да се претвори во нешто сериозно.

Риби

Ако сте во врска:

Ако сте во стабилна врска, ова е добар период за планирање на некое патување. Тоа уште повеќе ќе ви го зацврсти односот.

Ако врската е тазе, можно е да имате тинејџерски период на одљубување и заљубување, па дури и да сфатите дека подобро функционирате сами.

Ако сте слободни:

Месецов можно е да запознаете некоја личност која ќе биде навистина значајна за вашата иднина.

Само не смеете да се обидувате да бидете нешто што не сте само за да ја освоите, тоа нема да има ефект. Со своето вистинско јас ќе ја добиете нејзината наклонетост.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Каде ќе ја запознаете љубовта на својот живот, според хороскопскиот знак? Авантуристичките Ваги сакаат да го живеат својот живот со полни гради. Зато...
Годишен хороскоп за 2024: Стрелец Подгответе се, бидејќи 2024-та ќе ви донесе многу изненадувања, нови можности и ...
Годишен хороскоп за 2024: Риби Следната 2024-та година ќе биде вистински предизвик за сите Риби. Ќе ви се случа...
Годишен хороскоп за 2024: Близнаци 2024-та година ќе биде полна со неочекувани пресврти, големи можности, искористе...
Како да поканите маж на љубовен состанок, според неговиот хороскопски знак? Лавовите сакаат драма, па поканете го на состанок кога ќе биде опкружен со многу...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg