Финансиски хороскоп за октомври 2024: Кој знак ќе се збогати, а кој ќе има загуба?

parichen-horoskop-za-oktomvri-2024-koj-znak-kje-se-zbogati-a-koj-kje-ima-finansiska-zaguba-02.jpg

Вага

Ако имате проблеми со парите, овој месец воздржете се од крупни трошоци или непотребен луксуз.

Кон крајот на месецот работите ќе се свртат во ваша полза, па ако сакате да започнете свој бизнис, искористете го овој период за нови финансиски вложувања.

Скорпија

Во првата половина од месецот нема да бидете сигурни дали ќе имате доволно пари да го покриете домашниот буџет и сметките.

Но, од средината на октомври работите ќе тргнат на подобро, а некои Скорпии може да добијат пари од игра на среќа, наследство или некој да им префрли хонорар за нешто што го работеле одамна.

Стрелец

Ако размислувате за купување недвижнини или земјиште, искористете ги позитивните аспекти што ви ги нуди овој октомври.

Некои Стрелци ќе се најдат во непријатна ситуација ако треба да одбијат некој близок кој ќе им побара да му позајмат пари.

Јарец

Ако работите во областа на маркетингот или имате професија поврзана со медиуми, овој месец ве очекува финансиска добивка.

Октомври ќе го поминете „лабаво“, па дури и ќе имате можност за мала заштеда.

Водолија

Овој октомври ќе биде неповолен за вас - трошоците ќе бидат поголеми од вашата заработка, а вие едвај ќе врзете крај со крај.

Уште сега почнете да планирате и да ги распоредувате парите рационално, а трошете само за неопходните работи.

Риби

Почетокот на октомври ќе ви биде тежок на финансиски план, но до средината на месецот работите ќе се стабилизираат.

Сепак, ако имате заостанат долг или рата од кредит во некоја банка, подмирете го веднаш штом земете плата.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Финансиски хороскоп за декември 2023: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблем со парите? Лав - Овој месец ќе имате доволно пари за удобен живот, но не и за луксузирање. ...
Финансиски хороскоп за март 2024: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблеми со парите? Јарец - Во првата половина на март ќе добиете деловна понуда која ви е сомн...
Финансиски хороскоп за септември 2024: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат потешкотии со парите... Вага - Ако размислувате за нова работа и повеќе пари, почекајте до следниот...
Финансиски хороскоп за јуни 2024: Јарци - не земајте кредити, Бикови - намалете ги трошоците Риби - Рационално трошете ги парите и до средината на месецот не се впуштајте во...
Финансиски хороскоп за август 2024: Кои знаци ќе имаат проблеми со парите, а кои ќе се збогатат? Вага - Пред крајот на месецот не позајмувате пари никому, бидејќи постои голема ...
Финансиски хороскоп за ноември 2024: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат загуба? Риби - Почетокот на месецот ќе ви донесе стресни ситуации поради долг кој с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg