Финансиски хороскоп за септември 2024: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат потешкотии со парите?

Вага - Ако размислувате за нова работа и повеќе пари, почекајте до следниот месец или до ноември - септември не е поволен за тоа.

finansiski-horoskop-za-septemvri-2024-koi-znaci-kje-se-zbogatat-a-koi-kje-imaat-poteshkotii-so-parite-01.jpg

И овој месец носи промени на финансиски план за повеќето хороскопски знаци.

Па, така, во септември 2024 едни ги очекува добивка, а други ќе имаат проблеми со парите.

Во која категорија сте вие?

Прочитајте кои знаци ќе имаат финансиски проблеми, а кои ќе се збогатат?

Овен

Околностите овој септември ќе бидат поволни и вие ќе имате можност да направите успешни зделки кои ќе ви овозможат пробив во финансискиот сектор.

Не плашете се да експериментирате, ова може да ви донесе само пари и позитивни резултати.

Месецов ќе имате големи деловни планови, па ако размислувате да ја смените работата за поголема плата, направете го тоа, но најдоцна до 18 септември.

Бик

Овој месец ќе имате чувство дека нема да ви стигнат парите, па уште од првите денови на септември ќе почнете да се „стискате“ и да трошите само ако морате.

Направете некој брз и неочекуван финансиски потег - постои голема можност да ви се исплати бидејќи ѕвездите ви се наклонети.

Овој месец не барајте унапредување или покачување на платата, нема да ги добиете.

Близнаци

Ако имате приватен бизнис или работите во семејна фирма, време е да почнете да се ширите.

Направете го тоа во првата половина на месецот, и веќе кон крајот на септември или почетокот на октомври ќе ги видите позитивните резултати.

Ако, пак, сте вработени, можно е да добиете зголемување на платата или понуда за работа во голема организација.

Рак

Почнува нова фаза во вашиот живот кога ќе се фокусирате исклучиво на парите.

Ако имате добра стратегија, трудот и ризикот што ќе ги преземете ќе ви се исплатат и вие за кратко ќе заработите повеќе отколку во изминатите неколку месеци.

Бидете упорни, но ако во процесот на работа наидете на пречка или на сомнителни договори, консултирајте адвокат, а дури потоа потпишувајте документи.

Лав

Септември ќе стави крај на финансиските потешкотии што ги имавте од почетокот на пролетта па до сега.

Некои Лавови размислуваат за почнување свој бизнис, но дајте си уште некој месец за работите да се стабилизираат.

Можна е понуда за работа во странство или во странска компанија, па разгледајте ја сериозно и решете дали ќе ја прифатите.

Девица

Првата половина од месецот е идеална за конкретни чекори и финансиски активности.

Сепак, ако наидете на пречка, оставете ја реализацијата на идеите за по 2 октомври, бидејќи крајот на септември е неповолен на финансиски план.

Пробајте да најдете алтернативни извори на приход - преку некое старо хоби или да се вклучите во некоја невладина организација.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Каде ќе ја запознаете љубовта на својот живот, според хороскопскиот знак? Авантуристичките Ваги сакаат да го живеат својот живот со полни гради. Зато...
Финансиски хороскоп за март 2024: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблеми со парите? Јарец - Во првата половина на март ќе добиете деловна понуда која ви е сомн...
Финансиски хороскоп за јуни 2024: Јарци - не земајте кредити, Бикови - намалете ги трошоците Риби - Рационално трошете ги парите и до средината на месецот не се впуштајте во...
Финансиски хороскоп за 2024: Кој знак ќе се збогати, а кој ќе има проблем со парите? Бик - Оваа година ве очекува стабилен финансиски раст. Најповолен период на...
Финансиски хороскоп за февруари 2024 - Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблем со парите? Стрелец - на почетокот на месецов ве очекува финансиска добивка, но внимавајте к...
6 хороскопски знаци кои (најверојатно) ќе имаат богати партнери во животот Бик: Тие се познати по тоа што го ценат луксузот и комфорот, па природно им доаѓ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg