Според месецот на раѓање: Kaква личност вреди да чекате во животот за вистинска љубов?
Јули – останете сингл додека не запознаете личност која ќе ја сака и подлабоката страна од вас, а не само површната
Луѓето се привлечени од вашата блескава енергија, но вие заслужувате личност која ќе ја разбере и вашата подлабока страна и која ќе разбере дека работите нема да бидат совршени цело време.
Август – останете сингл додека не сретнете личност која е спремна за натпревар со вас
Ви треба личност која може да остане во чекор со вас, која никогаш нема да се обидува да ве промени во нешто што не сте, а притоа да знае како да се залага и за себе.
Септември – останете сингл додека не сретнете личност која знае како да ви се приближи на емотивно ниво
Ви треба личност која е доволно самоуверена во она што е и исто така да ви се претстави, но и да ве поттикне вас да го сторите истото.
Октомври – останете сингл додека не сретнете личност која ќе ве „извади од вашата зона“
Многу се грижите за тоа што мислат другите и се оптоварувате себеси за работи кои се непотребни.
Останете сингл додека не сретнете личност која може да ве носи на другата страна, која ќе ви помогне да живеете полесно и да престанете да се грижите за она што мислат останатите.
Ноември – останете сингл додека не сретнете личност која ќе ви го внесе потребниот баланс во вашиот живот
Понекогаш, за своето ментално здравје, треба да забавите и да се одморите.
Останете сингл додека не запознаете личност која ќе ви помогне да го постигнете ова, која нема да ве кочи, но исто така ќе ве натера да се грижите за себе и да растете онака како што сакате.
Декември – останете сингл додека не сретнете личност која ќе внесе мир и трпение во вашиот живот
Кога сакате да направите премногу работи одеднаш, може да бидете нетрпеливи и да заборавате да ја погледнете целата слика, па ви треба потсетник за да „дишете“.
Останете сингл додека не запознаете личност која ќе ве поддржува и охрабрува, но и ќе ви го носи чувството на спокој и смиреност што ви недостасува во вашиот живот.
М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com