Каков ризик треба да преземе секој хороскопски знак на средината на август?
Вага
Ваги, кон средината на овој месец дозволете си да бидете поотворени кон околината и општеството околу вас.
Ризикувајте во односите со луѓето и ќе сфатите дека нема да ве разочараат сите, иако го очекувате тоа.
Скорпија
Скорпии, ризикот што треба да го преземете овој период е поврзан со вашиот сексуален живот.
Ако сте во врска и се воздржувате пред партнерот, време е да му го покажете вистинското лице во кревет, а ако сте сингл, отворено кажете ѝ на личноста што ви се допаѓа дека сакате да имате секс (дури и без обврски).
Стрелец
Стрелци, вие сте знакот кој ќе преземе најмалку ризик во овој период - не затоа што се плашите, туку работите се онакви какви што треба да бидат.
Сепак, ако решите да ризикувате во нешто, тоа нека биде во врската - побарајте му време на партнерот да бидете сами со себе, барем неколку дена, дури и да знаете дека ќе ви се налути поради тоа.
Јарец
Јарци, периодов треба да му направите шок на вашиот организам.
Па, без разлика дали наместо прва смена ќе барате да работите во трета смена, или ќе ги исфрлите месото и лебот за да се храните поинаку, преземете ризик и направете го тоа.
Водолија
Водолии, време е да ризикувате на љубовно поле, каков и да е крајниот резултат.
Покажете храброст, пријдете ѝ на личноста што ви се допаѓа или раскинете врска - ризикувајте за да ви е убаво на вас.
Риби
Риби, ова е период кога ќе доживеете голем личен раст, но само ако ризикувате.
Па, така, соберете храброст и изборете се за работите што ги сакате или соберете храброст и ослободете се од товарот што ве држи заглавени во место.
А. Ј. | Црнобело