Љубовен хороскоп за август 2024: Лавови – во врската ќе се разгорат емоции за трета личност
Вага
Ако сте во врска:
Љубовта во текот на месец август ќе ви биде наклонета. Зафатените Ваги ќе ја зацврстат врската и ќе влезат во посериозни односи. Ако веќе долго време сте во сериозна врска, ќе направите некои заеднички долгорочни планови за иднината или можеби ќе започнете нешто заедничко. Можеби ќе излезат на виделина некои скриени тајни, но до крајот на месецот работите ќе се расчистат.
Ако сте слободни:
Слободните припадници на овој знак, август ќе го поминат прилично опуштено, со врски без обврски. Но, кон крајот на месецот, можно е запознавање на некои важни личности кои ќе ви значат повеќе од една обична авантура. Може да ги продлабочите односите со личноста која ви се допаѓа, а што ќе се случи потоа, останува да видите во текот на наредниот период.
Скорпија
Ако сте во врска:
Месецов ќе бидете малку опседнати со емоциите на вашиот партнер, дали доволно ви возвраќа љубов, дали уште се чувствува исто за вас, ќе бидат само дел од мислите кои ќе ве обземат. Може дури и да се сомневате во неговата верност, но добро размислете пред да го обвините, дали тоа е само уште едно ваше непотребно сомневање. Бидете потолерантни, бидејќи комуникацијата и така е отежната.
Ако сте слободни:
Слободните Скорпии подобро е да не си го губат времето на безвредни врски и авантури. Бидете трпеливи и почекајте да се појави вистинската личност, бидејќи токму тоа ви се предвидува во наредниот период. Може да влезете во врска со јавна личност. Ако месецов се појави личноста која ќе ви значи, најверојатно ќе остане на подолг период во вашиот живот.
Стрелец
Ако сте во врска:
Ова ќе биде бурен период за родените во знакот на Стрелец. Можно е да криете нешто од партнерот, да имате чувства за друга личност, па дури и да се впуштите во афера. Од друга страна, оние во сериозни врски, може пак, да се сомневаат во својот партнер и да го испитуваат секое негово излегување и постапка на социјалните мрежи. Генерално ве очекува напнат месец во односите, кои надежно ќе се регулираат до крајот на август.
Ако сте слободни:
Слободните припадници на знакот пак, ги очекува исто така интересен љубовен период. може да се развијат емоции за некој што веќе е зафатен. Можни се многу нови средби и контакти, но нешто постојано ќе ве тера да си го следите срцето, иако разумот ви го кажува спротивното. Бидете внимателни, месецот е напнат во односите со луѓето, партнерите и пријателите, добро бирајте каков чекор ќе направите.
Јарец
Ако сте во врска:
Јарците кои се во врска овој месец ќе наидат на голема поддршка од партнерот. Односот ќе ви се продлабочи и ќе стане многу посериозен. Сепак, за оние кои се во долга врска/брак, постои ризик од влегување во монотонија и здодевна рутина, па важно е да го искористите месецот за освежување на секојдневието со нови активности, патувања и заеднички случувања.
Ако сте слободни:
Слободните Јарци месецов не треба да чекаат љубовта да им падне од небо, туку ќе мора да ги следат тајните сигнали што некоја личност од опкружувањето им ги испраќа. Ќе запознаете некој што ќе ве заинтригира и со кој ќе сакате да се впуштите во секакви можни комбинации без размислување. Можно е личноста да не е слободна или да нема сјајна репутација, но нема да ви биде грижа и ќе се појавувате во јавност.
Водолија
Ако сте во врска:
Во текот на цела година ќе има интересни пресврти на љубовен план за зафатените Водолии. Овој месец можно е да ја официјализирате врската со брак, или да направите некој друг сериозен чекор во љубовниот однос. Сепак, можни се мали проблеми кои тековно ќе мора да ги решавате веднаш и да не оставате ништо за подоцна, бидејќи работите лесно може да излезат од контрола и да ви се уништи идилата.
Ако сте слободни:
Слободните Водолии месецов ќе имаат интересни прилики да запознаат личност која ќе им го „помати“ паметот. Кај многумина, тоа може да биде личност која е угледна, која ќе ве поткрене на повисоко ниво и ќе направи да се чувствувате поразлично од досега. Сепак, имајте на ум дека мора да го имате расчистено товарот од минатото кој го носите и ви влијае на љубовниот живот.
Риби
Ако сте во врска:
Љубовниот живот зависи само од вас, како ќе направите да изгледа и како вие ќе се чувствувате. Станувате многу поактивни на ова поле, ќе ја подигнете комуникацијата на повисоко ниво, посветувате повеќе време на партнерот, но и на себе и внимавате на начинот на кој ќе ве гледа партнерот. Оние кои се во сериозна врска, може да се остварат и во улогата на родители.
Ако сте слободни:
Овој месец навистина ќе се потрудите да си го направите поубав љубовниот живот. Ќе имате поголема волја и толеранција, ќе сакате да си го разубавите секојдневието, ќе преземате прв чекор и нема да чекате некој друго да ви го разубави животот, без да мрднете со прст. Може да запознаете важна личност на работа или на патување, но внимавајте – не сите имаат добри намери, а вие може да покажете мала наивност.