За што најчесто „фрлате“ пари без размислување, според хороскопскиот знак?
Вага
Иако сте урамнотежена личност, од сите знаци, вие сте можеби најсклони кон импулсивно трошење.
Без размислување купувате работи кои мислите дека во моментот ќе ве направат среќни.
А, и честопати „паѓате“ на реклами и како да сте зависни од онлајн шопинг.
Скорпија
Генерално, не сте личност која троши неразумно и повеќе сакате да штедите.
Најмногу давате пари за храна и предмети за домот, но секогаш купувате квалитетни работи.
Сепак, понекогаш сакате да си дозволите вечера во некој поскап ресторан.
Стрелец
Желбата за авантура не ви дозволува да мислите на штедење кога станува збор за патувања.
Без двоумење закажувате лет и сместување кога ќе налетате на добра понуда, дури и ако не сте сигурни како ќе го покриете патувањето.
Генерално, импулсивно трошите на искуства, а не на материјали работи.
Јарец
Вие сте вредна личност која макотрпно го заработува секој денар, па сте мошне одговорни со парите.
И, ова ве спречува од импулсивно трошење, но кога купувате нешто, го купувате најквалитетното.
Сметате дека е подобро да дадете повеќе пари еднаш, отколку да купите нешто со лош квалитет, па да треба да го заменувате.
Водолија
Интересно е што кога трошите импулсивно, не го правите тоа за себе.
Многу поверојатно е да оставите голема донација за некоја организација или цел во којашто верувате.
Некогаш донирате и премногу, но ова прави да се чувствувате добро.
Риби
Имате навика да трошите импулсивно, а на што ќе дадете мало богатство, зависи од вашата моментална опсесија.
Се чини дека секоја недела имате ново хоби и не размислувате двапати пред купите сè што ви треба за да можете да му се посветите.
Спирова С. | Црнобело