За што најчесто „фрлате“ пари без размислување, според хороскопскиот знак?

Риби, имате навика да трошите импулсивно, а на што ќе дадете мало богатство, зависи од вашата моментална опсесија...

za-shto-najchesto-frlate-pari-bez-razmisluvanje-spored-horoskopskiot-znak-01.jpg

Дури и оние кои се мошне одговорни со нивните пари и внимаваат како го трошат секој денар, имаат „слаба точка“ за некои работи.

Без разлика дали се тоа нови чевли, нова видеоигра, нов смартфон или нешто сосема друго, сите имаме барем една работа за која би дале пари без многу размислување.

За кои работи не можете да се контролирате во трошењето, според хороскопскиот знак?

Овен

Вам воопшто не ви е проблем да потрошите голема сума пари, дури и ако тие ви се последните.

А, најмногу сакате да трошите на предмети што се уникатни и ги нема никој друг.

Можеби тоа се чевли во лимитирано издание, некој рачно изработен украс, уникатно парче накит…

Генерално, што било за коешто сте сигурни дека нема да го поседува никој друг.

Бик

Вие ги сакате комфорот и убавите нешта во животот, па секогаш кога имате можност, си овозможувате некој мал луксуз.

Не знаете да штедите на спа-центри, козметички или фризерски салон, патувања или што било што ќе ве разгали и ќе направи да се чувствувате убаво.

Близнаци

За вас, најважното нешто во животот се искуствата.

Па, не штедите кога станува збор за одење во ресторан, бар, дискотека…

Ако, пак, слушнете дека во близина има концерт на изведувач што го сакате, подготвени сте да ги дадете и вашите последни пари.

Рак

Вие сте личност која сака да им помага на другите и обично себеси се ставате во втор план.

Но, на крајот од денот, секогаш ви е потребен одмор, па најмногу трошите на ситници за домот.

Меки ќебиња, свеќи, уметнички дела – не размислувате многу дали да купите нешто што ќе ви го прави домот удобно катче.

Лав

Вие сакате да сте во центарот на вниманието, а за тоа знаете дека треба да најдете начин да ги привлечете сите погледи.

Затоа, често трошите (премногу) пари на облека и модни додатоци.

Истовремено, сакате да ја имаат наклонетоста на другите, па знаете да се расфрлате со пари и за подароци.

Девица

Вие сте перфекционист, па јасно е дека најмногу пари „фрлате“ на предмети што ќе ви помогнат да се организирате.

Папки, планери, маркери во разни бои, пенкала…

Сигурно и домот ви изгледа како канцеларија поради многуте предмети за организирање.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Кој штеди, а кој троши повеќе отколку што има: Какви се хороскопските знаци со парите? Скорпиите го штедат поголемиот дел од заработката и обично трошат само на неопхо...
Кој е вашиот најголем (потиснат) страв за кој не сте свесни ниту самите, според хороскопот? Близнаци - не сакате да признаете, но секогаш потајно стравувате дека нема да би...
Хороскопски знаци кои повеќе се приврзани за кучињата, отколку за луѓето Јарците многу често мислат дека другите луѓе може да ги издадат и дека не можат&...
Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според вашиот месец на раѓање Ако сте родени во месец март, тогаш треба да научите себеси да се цените повеќе....
Една работа со која несвесно си ја саботирате среќата во љубовта, според хороскопскиот знак Близнаци, вашата неодлучност ви создава многу проблеми, особено кога станува збо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg