Финансиски хороскоп за јуни 2024: Јарци - не земајте кредити, Бикови - намалете ги трошоците
Вага
Овој месец ќе добиете неколку можности за заработка, но од вас зависи дали ќе ги искористите.
Сепак, ќе мора да вложите повеќе напор за да стигнете до посакуваната цел, бидејќи нештата нема да ви одат од рака, особено не во однос на парите.
Кон средината на јуни некој близок може да ви побара пари на заем, а од вас зависи дали ќе му помогнете или ќе го одбиете.
Скорпија
Ако не сте вработени, во јуни постои можност за вработување, иако првата плата и прилив на средства ќе ги имате дури следниот месец.
Некои Скорпии ќе ги добијат парите за некоја преку хонорарна работа или проект на кој биле ангажирани пред неколку месеци.
Сепак внимателно со трошењето, не трошете повеќе од она што имате.
Стрелец
Ако имате долгови, обидете се да ги вратите што е можно поскоро, но секако завршете го тоа до крајот на месецот.
До средината на јуни не влегувајте во нови деловни зделки, бидејќи на крајот од нив ќе имате поголема загуба отколку добивка.
Ако треба да вложите во нешто, направете го тоа дури кон крајот на јуни, кога ѕвездите ќе ви бидат понаклонети.
Јарец
Не преземајте финансиски ризици, овој месец нема да ви се исплатат, напротив, може да ви направат поголема штета.
Јарците кои се невработени може да запознаат личност која ќе им помогне да најдат работа на проект или хонорарен ангажман, а кој веднаш ќе им донесе прилив на пари.
Што и да се случи на финансиско поле, месецов не размислувајте да земете кредит за да ја подобрите вашата положба.
Водолија
Од една страна сакате пари, од друга страна не сакате да се ангажирате за да заработите нешто повеќе од она што го имате.
Некои Водолии е можно да направат голема грешка на работа, а тоа да се одрази на нивната плата.
Во втората половина на месецот работите ќе се подобрат, особено ако имате приватен бизнис.
Риби
Овој јуни имате можност за заработка со помош на пријателите, па не ја испуштајте.
Некои Риби ќе добијат понуда за работа со странство, а со тоа и прилив на пари.
Рационално трошете ги парите и до средината на месецот не се впуштајте во непроверени зделки, кои може да ви донесат само загуба.
А. Ј. | Црнобело