Кој нерационален страв ве кочи во животот, според хороскопскиот знак?

koj-neracionalen-strav-ve-kochi-vo-zhivotot-spored-horoskopskiot-znak-02.jpg

Вага – страв дека ќе ги повредите саканите

Вие сте знакот кој воспоставува рамнотежа во светот и ја враќа хармонијата.

Имате моќ одеднаш да смирите цела просторија со луѓе и да ги натерате да ги решат конфликтите меѓу нив.

Одвреме-навреме уживате во малку драма, но генерално сакате сите да се согласуваат.

Мразите конфликти и не можете да поднесете да налутите некој, а одовде произлегува и вашиот нерационален страв од тоа да ги повредите другите.

Не заборавајте дека не сте совршени и ако некогаш не сакајќи сте повредиле некого, не значи дека дошол крај на светот.

Скорпија – страв од одбивање

За вас, најважното нешто во животот се романтичните врски, односно вашиот партнер.

Иако однадвор изгледате како цврста личност до која не допира ништо, вие сте навистина емотивни и чувствителни.

И, многу ви е страв дека некој ќе ви ги повреди чувствата.

Па, за да го избегнете ова, вие однапред ги одбивате луѓето и ги оттурнувате од вашиот живот, мислејќи дека сте се заштитиле.

Но, со ова само губите партнери (и пријатели) кои ве сакаат.

Стрелец – страв од здодевност

Како личност која постојано ја планира следната авантура, вие имате огромен страв од здодевност.

Се плашите да ви биде здодевно дури и на еден миг, најверојатно бидејќи не сакате да останете насамо со своите мисли.

Истовремено, ве плаши помислата да „се врзете“ за една личност или едно место, а ова ви расипува многу врски во животот.

Овие стравови не ви дозволуваат да напреднете на никое поле бидејќи постојано сте во движење.

Јарец – страв од неуспех

Вие сте еден од најамбициозните знаци во зодијакот.

И, вам не ви е важно само да бидете успешни, туку сакате да добивате и признание за вашите достигнувања.

Па, станува јасно дека вашиот најголем и нерационален страв е стравот од неуспех.

И тоа не само професионален – се плашите од неуспех во секој аспект од животот.

Мора да се помирите со фактот дека не сте совршени и дека кога-тогаш ќе се соочите со неуспех.

Водолија – сдрав дека ќе бидете „заробени“

Вие сте мошне независна личност. Го следите само она што ви е важно и не ви е проблем да се истакнете над другите.

Сепак, неретко имате проблеми во односот со саканите. Ако почнете да чувствувате поголема близина, почнувате да се плашите дека ќе се чувствувате „заробено“, дека ќе треба да се адаптирате и на некој друг.

Па, се повлекувате и го расипувате односот со таа личност.

Желни сте за слобода и сакате целосна контрола врз вашиот живот, но ова не е секогаш возможно.

Риби – страв дека никогаш нема да најдете љубов

Вие сте можеби најемотивниот знак во зодијакот, како и најромантичниот.

Љубовта е важен дел од вашиот живот и постојано сте во потрага по сродна душа, по партнер со кого ќе се поврзете на друго ниво.

Одовде произлегува и вашиот страв дека никогаш нема да ја најдете вистинската љубов.

Проблемот е што толку сте опседнати со „наоѓањето на вистинскиот“, што испуштате многу можности.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Најубавото изненадување што ве чека до крајот на годината, според хороскопскиот знак Риби, ќе ја тргнете најголемата пречка до среќата во вашиот живот. Односно, ќе с...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Како несвесно си го уништувате животот, според вашиот месец на раѓање? Личностите родени во месец септември постојано се споредуваат со другите, а тоа ...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
Стравот поради кој не сте среќни и успешни, според хороскопскиот знак (и како да го надминете) Риби, сакате да мечтаете и да се „губите“ во вашите мисли, најмногу бидејќи ви е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg