Што ви предизвикува анксиозност, според хороскопскиот знак?
Бик - Најважно ви е луѓето да знаат дека сте компетентни и професионални. Затоа целосно се посветувате на секоја работа, а главна цел ви е да ја завршите добро.
Што ви предизвикува анксиозност? Дали знаете зошто некои работи ви создаваат стрес? Според астролозите, главен виновник може да биде вашиот хороскопски знак и карактерните особини што тој ги носи.
Во продолжение погледнете кои се главните причинители на стрес и анксиозност за секој хороскопски знак:
Овен
Вие зависите од силниот темперамент и енергијата за да можете да го поминете денот, па се чувствувате ранливи во оној миг кога чувствувате дека немате сила за ништо.
Ваши најголеми причинители за анксиозност се болеста, заморот и мрзеливоста.
Кога не се чувствувате добро или сте болни, постојано сте под стрес дека нема да стигнете да ги завршите обврските.
Потребно е да научите дека светот нема да се сруши ако си дадете еден ден одмор и да не правите ништо.
Бик
Најважно ви е луѓето да знаат дека сте компетентни и професионални. Затоа целосно се посветувате на секоја работа, а главна цел ви е да ја завршите добро.
Ваши најголеми причинители за стрес и анксиозност се неуспесите, застоите и стравот дека ќе го загубите „образот“. Кога се соочувате со некоја тешка задача, се плашите дека нема да имате доволно време да ја завршите како што треба и ќе се сплеткате.
Потребно е понекогаш да го следите инстинктот и да сфатите дека вашата вредност, посветеноста, искрените напори и посветеноста нема да останат незабележани.
Близнаци
Вие не ги забележувате сопствените, но немате нерви за грешките и глупавоста на другите луѓе. Вас може да ве извади од такт ако некој нагло закочи во сообраќајот пред вас, а не ги поднесувате ниту телевизиските лица кои погрешно ги изговараат зборовите.
Најголеми причинители за стрес ви се миговите кога треба да се справувате со човечка глупавост, со бучни луѓе или, пак, со некои тврдоглави луѓе, па ви се чини дека му зборувате на ѕидот.
Потребни ви се активности што ќе ви помогнат да го смирите мозокот, како јога или грнчарство.
Рак
Сакате да изгледате посилни отколку што сте за луѓето да не знаат дека ве повредуваат критиките, нервозните испади или кога некој ве игнорира.
Со други зборови, најмногу ве погодува кога чувствувате емотивна несигурност или да не сте сигурни дека им значите на луѓето со кои сте во врска, или на блиските.
Често знаете да ги криете емоциите, но потребно е да им кажете на луѓето што ви треба, наместо да се повлекувате во себе и да го криете стресот. Дишете длабоко и ослободете се од сопствената несигурност.
Лав
Секоја ситуација во која чувствувате дека ја губите контролата може да ви предизвика стрес. Ненадејното расипување на компјутерот или мобилниот телефон може да ве извади од такт, а подеднакво лошо ќе се чувствувате ако упорно барате нешто и не можете да го најдете.
Во основа, ваши најголеми причинители за стрес се чувството дека губите контрола и стравот од неизвесното.
Дури и вљубувањето може да направи да се чувствувате ранливо и несигурно. Затоа потребно е да научите да се опуштите и да ги прифатите работите и луѓето какви што се.
Девица
Самата помисла дека треба да направите нешто ново и непознато, ќе направи да ви се замрзнат нозете во место, но, кога ќе почнете да го правите – тогаш сте во ред.
Најголем причинител за стрес ви е стравот дека нема да ги исполните очекувањата, дури и тогаш кога тие очекувања сте си ги наметнале сами на себе.
Размислувате многу и тоа ви причинува стрес, а ве боли и кога гледате како некој што го сакате се измачува или не може да успее во тоа што го сака.
Наместо да се обидувате да ги поправите работите за другите, насочете ја енергијата да им помогнете, а наместо да се обидувате да запомните сè што треба да направите, почнете да си запишувате.