Финансиски хороскоп за 2024: Кој знак ќе се збогати, а кој ќе има проблем со парите?

Бик - Оваа година ве очекува стабилен финансиски раст. Најповолен период на финансиски план ќе биде меѓу 23-ти и 25-ти мај, кога ќе имате можност да ги зголемите своите приходи.

godishen-finansiski-horoskop-za-2024-koj-znak-kje-se-zbogati-a-koj-kje-ima-problem-so-parite-01.jpg

По непредвидливата 2023-та година, 2024-та ќе биде поволна за сите хороскопски знаци на финансиски план.

Секако, проблемите со пари нема да изостанат, но секој ќе има можност, порано или подоцна, да си ја подобри финансиската ситуација.

Прочитајте какви се финансиските предвидувања за вашиот хороскопски знак за 2024-та:

Овен

Подгответе се за потенцијален финансиски напредок во 2024-та.

Стремете се кон вашите цели и задржете го позитивниот став.

Најповолен период за големи вложувања или добивка ќе имате околу 20-ти април.

Но, не преземајте финансиски ризици оваа пролет и не трошете повеќе од она што имате.

Создајте си практика секој месец да тргате пари настрана, бидејќи околу јули може да се случат негативни финансиски промени, па да треба да го приспособите својот животен стил на новата ситуација.

Бик

Оваа година ве очекува стабилен финансиски раст. Најповолен период на финансиски план ќе биде меѓу 23-ти и 25-ти мај, кога ќе имате можност да ги зголемите своите приходи.

Размислувајте за можностите што ви се нудат, можеби и за втора работа која би била хонорарна или со скратено време.

Но, бидете внимателни во втората половина на годината.

Размислувајте за своите инвестиции во текот на ретроградниот Меркур, меѓу 25-ти ноември и 15-ти декември.

Одлуките што ќе ги донесете во овој период ќе ви донесат долгорочни позитивни резултати.

Близнаци

Финансиските промени кај вас ќе настанат уште на почетокот на годината, на 4-ти јануари, кога Марс ќе влезе во знакот на Јарец, а со тоа ќе се зголеми и вашата решителност да ги остварите своите финансиски цели.

Но, бидете внимателни и избегнувајте ги непотребните ризици, како и импулсивното купување.

Во втората половина на јануари почнете да тргате пари на страна за да ја зголемите заштедата.

Поволни периоди за вас ќе бидат и 21-ви јуни и 21-ви јули, кога вашата упорност ќе вроди со плод.

Рак

Вашите финансии ќе се подобрат уште од 16 јануари, а вие ќе ја напуштите вашата зона на комфор и ќе направите мало вложување.

Не дозволувајте да останете на исто место само затоа што желбата за сигурност ќе ве спречи да преземете добро испланиран ризик.

Но, ќе мора да внимавате меѓу 2-ри мај и 11-ти октомври, кога Плутон ќе биде во ретроградна фаза и ќе влијае негативно на вашите финансии.

Прилагодете го својот буџет за да можете да си ги исполните личните финансиски цели.

Лав

Во текот на март ве очекуваат неколку непредвидливи финансиски ситуации, а вие најверојатно нема да успеете да ги завршите работите што сте ги испланирале.

Иако живеете во моментот и не планирате многу однапред, кога се парите во прашање, мора да имате каков-таков план за да не направите голема грешка.

Во втората половина на август ќе научите важна финансиска лекција, поради што ќе бидете повнимателни во иднина.

Уште на почетокот на годината почнете да штедите и оставајте пари за „црни денови“, бидејќи тие најверојатно ќе дојдат до крајот на 2024-та.

Девица

Март ќе ви донесе големи финансиски промени, но за жал, на полошо.

Ова е лош период да барате кредит или брза позајмица со висока камата, бидејќи само ќе ја влошите ситуацијата.

Работите ќе тргнат на подобро од септември, но и тогаш мора да бидете многу внимателни во однос на своите вложувања.

Некои Девици ќе размислуваат за промена на работното место, особено ако тоа им донесе поголем прилив на средства.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Каде ќе ја запознаете љубовта на својот живот, според хороскопскиот знак? Авантуристичките Ваги сакаат да го живеат својот живот со полни гради. Зато...
Годишен хороскоп за 2025-та: Овен За родените во знакот на Овен, 2025-та ќе биде возбудлива година полна со промен...
Финансиски хороскоп за март 2024: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблеми со парите? Јарец - Во првата половина на март ќе добиете деловна понуда која ви е сомн...
Финансиски хороскоп за септември 2024: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат потешкотии со парите... Вага - Ако размислувате за нова работа и повеќе пари, почекајте до следниот...
Финансиски хороскоп за јуни 2024: Јарци - не земајте кредити, Бикови - намалете ги трошоците Риби - Рационално трошете ги парите и до средината на месецот не се впуштајте во...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg