Една причина поради која секој хороскопски знак станува злобен кон вас во врската
Девицата повеќе сака да е сингл отколку во врска со некој со кого не може да се поврзе емотивно, па ако станува злобна, тоа е затоа што сака да ви раскине.
Луѓето понекогаш знаат да бидат лоши и злобни кога се во врска, а според астролозите, многу често причина за тоа е нивниот хороскопски знак.
Знаете ли зошто некој станува злобен кон вас (според неговиот хороскопски знак)?
Овен
Ако Овенот станува злобен кон вас, тоа е најверојатно затоа што смета дека станувате здодевни или едноставно му здодеало да е во врска со вас.
Затоа, ако сакате да го задржите, правете да му е секогаш забавно.
Бик
Биковите не сакаат да бидат злобни, но за нив тоа е вид одбранбен механизам - тие стануваат пасивно-агресивни водени од инстинктот, без да размислат за своите реакции.
Со Биковите, тие се причината поради која стануваат злобни, не вие.
Близнаци
Близнаците си играат топло-ладно, па во еден момент се заљубени „преку уши“, а во следниот не сакаат да ве видат и почнуваат да се однесуваат злобно.
Но, брзо потоа пак се вљубуваат – проблемот не е во вас, туку во нив.
Рак
Раковите ќе направат сè за да го задоволат партнерот и врската да им успее.
Но, ако сфатат дека се трудат залудно и дека партнерот не се вложува колку што се вложуваат тие, тогаш стануваат злобни.
Лав
На Лавот му треба некој што е на исто рамниште со него, а не некој кој ќе биде зависен од него и постојано ќе плаче за внимание.
Ако почувствува дека барате многу и дека се потпирате на него наместо да одлучувате сами, станува злобен и ќе сака да ви покаже дека не сте му дораснати.
Девица
Девицата повеќе сака да е сингл отколку во врска со некој со кого не може да се поврзе емотивно.
Па, ако почнува да станува злобна, тоа е затоа што сака да ви раскине.