Една причина поради која секој хороскопски знак станува злобен кон вас во врската
Вага
Вагите не сакаат да се караат и најчесто избегнуваат конфронтирање.
Па, ако Вагата станува злобна кон вас, тоа е затоа што сака да ве оттргне од себе (и најверојатно веќе чувствува нешто за некој друг).
Скорпија
Скорпиите се злобни додека се обидуваат да сфатат што чувствуваат кон вас.
Дури откако ќе бидат сигурни дека им се допаѓате, злобата исчезнува, а тие ќе покажат страст и љубов.
Стрелец
Стрелците се злобни кон партнерите на чие однесување не се навикнати.
Односно, ако се однесувате различно од сите нивни претходни партнери, тие нема да знаат како да се справат со вас и почнуваат да го покажуваат најлошото од себе.
Јарец
На Јарците не им треба причина да бидат злобни ако нешто не им е по мерак, тие знаат да се „истурат“ на најблиските, односно на партнерот.
Не е до вас, до нив е!
Водолија
Водолиите сакаат да поминуваат многу време со семејството и блиските пријатели.
Па, ако почнуваат да се однесуваат необично, тоа е затоа што сакаат да си ги наполнат батериите и да се расположат во нивно друштво, а не со вас.
Риби
Рибите сакаат да бидат со партнер кој ќе ги разбира и поддржува, и покрај тоа што се понекогаш „тешки“ и конфузни.
Па, ако Рибите стануваат злобни, тоа е затоа што веруваат дека не ги разбирате и дека не вложувате доволно труд во врската.
А. Ј. | Црнобело