Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас?

koj-e-vashiot-znak-vo-arapskiot-horoskop-i-shto-otkriva-za-vas-02.jpg

Нож (22 јуни – 23 јули)

Луѓето со овој знак се нежни и грижливи, но можат да бидат и остри.

Имаат безусловна љубов за нивните сакани и можат да простат скоро сè.

Секогаш ги слушаат туѓите потреби, но и точно знаат што им е потребно на нивните најблиски.

Сепак, ако не го добијат истото за возврат, можат да бидат мошне студени.

Меч (24 јули – 23 август)

Главните карактеристики на луѓето родени во овој знак се гордоста и самодовербата.

Талентирани се, креативни и вредни, па неретко им служат како пример на другите.

Сакаат да бидат во центарот на вниманието и секогаш, без многу двоумење, ја преземаат улогата на лидер.

Поради нивната харизма, изгледаат мошне привлечно во очите на другите, а ова само им ја задоволува потребата за внимание.

Мачета (24 август – 23 септември)

Овие луѓе се практични и интелигентни, а притоа секогаш бараат начин да се подобрат себеси.

Кога станува збор за работа, секогаш се темелни и неретко се истакнуваат над другите.

Луѓето знаат дека можат да им веруваат и целосно се потпираат на нив.

Но, имаат и проблеми со темпераментот, па ако нешто не им оди по план, знаат да бидат избувливи.

Синџир (24 септември – 22 октомври)

Луѓето со овој знак се праведни, а ги ценат и убавите работи во животот.

Шармантни се, а оваа особина им помага лесно да се извлечат од непријатни ситуации.

Сакаат да им помагаат на другите, а поради нивната слаткоречивост, саканите неретко им ги споделуваат најдлабоките тајни.

Навистина се грижат за луѓето кои им се најблиски, а кога станува збор за романтични врски, лесно го добиваат она што го сакаат.

„Џамбија“ (23 октомври - 22 ноември)

Џамбија е вид заоблен арапски нож, а припадниците на овој знак се токму како ова оружје – моќни и мистериозни.

Можат да бидат многу интелигентни, но неретко не откриваат што сè знаат.

Истовремено, имаат и нешто како шесто сетило, па скоро секогаш знаат што мислат или чувствуваат луѓето околу нив.

Притоа, неретко ги привлекуваат опасни авантури, но секогаш се доволно паметни и знаат што да направат за да не настрадаат.

Лак (23 ноември - 21 декември)

Луѓето со овој знак се своеглави, но токму ова им помага лесно да ги решаваат проблемите со коишто се соочуваат.

Ретко се обесхрабруваат и обично настојуваат да мечтаат.

Имаат високи очекувања и од себе, и од луѓето околу нив.

Вистински истражувачи се и сакаат да искусат сè што може да им понуди животот.

Храбри се и полни со ентузијазам и неретко претставуваат добар пример за другите.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Каде ќе ја запознаете љубовта на својот живот, според хороскопскиот знак? Авантуристичките Ваги сакаат да го живеат својот живот со полни гради. Зато...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg