Вкупно 7 планети се ретроградни ова лето: Што му треба на секој хороскопски знак за да „преживее“?
Близнаци - Во периодов најважно ќе биде да се држите настрана од сите луѓе што ви шират негативна енергија, да ги игнорирате и да се посветите на себеси.
За време на ова лето вкупно седум планети во сончевиот систем ќе бидат во ретроградно движење.
Привидното движење „наназад“ според астролозите може да се смета за еден вид хендикеп, затоа што го забавува влијанието на секоја од планетите, а ретроградниот Меркур е најозлогласен заради негативното влијание врз комуникацијата.
Ова лето, вкупно 7 планети се движат ретроградно:
Плутон (1-ви мај до 10-ти октомври),
Сатурн (17-ти јуни до 4-ти ноември),
Нептун (30-ти јуни до 6-ти декември),
Венера (22-ри јули до 3-ти септември),
Меркур (28-ми август до 27 јануари),
Уран (4-ти септември до 30-ти декември),
Јупитер (4-ти септември 30-ти декември).
Што му треба на секој хороскопски знак за да го „преживее“ периодот што следи:
Овен
За вас најпогодени ќе бидат финансиите.
На сите им е јасно дека мразите да штедите, но ќе биде мошне важно да направите финансиски план што ќе ви одговара.
Запомнете, најдобро ќе биде да купувате на распродажби и секако чувајте ги сметките за да не се премислите.
Бик
Полека, но сигурно созревате во личноста што отсекогаш сте сакале да бидете.
Но, овој период немојте да си ставате притисок да напредувате и да се развиете одеднаш затоа што тоа не е возможно.
Бидете поспонтани и не си наметнувајте високи критериуми што не можете да ги исполните.
Близнаци
Харизматични сте и знаете како да ги избегнете ситуациите што не ви се потребни.
Имате високо мислење за себеси и не сакате да губите време на негативни емоции и карактеристики.
Во периодов најважно ќе биде да се држите настрана од сите луѓе што ви шират негативна енергија, да ги игнорирате и да се посветите на себеси.
Рак
Кај вас ретроградното движење на планетите ќе им најголемо влијание врз начинот на комуникација, па можни се недоразбирања со блиските и партнерот.
Бидете појасни во тоа што сакате да кажете и подгответе се некои работи да ги повторувате и да ги појасните и по неколкупати за да избегнете конфликтни ситуации.
Лав
Ќе се чувствувате дека никој не сака да ви обрне внимание, но реалноста е дека секој има свои проблеми со кои треба да се справи.
Наместо да викате и да се обидувате со викање да им го привлечете вниманието, прашајте ги пријателите и блиските како се и дали им треба вашата помош.
Девица
Немате нерви да се справувате со негативната енергија што ќе ве опколи од сите страни.
Можно е да одлучите да заминете некаде на одмор за да го опуштите мозокот или да ја закопате главата во песок и да не се вознемирувате заради проблемите што ви се чини дека се трупаат од сите страни.
Понекогаш е подобро да не дејствувате отколку бесцелно да се обидувате да им се спротивставите на планетите.