Зошто немате (вистински) пријатели, според хороскопскиот знак?
Вага
Вашиот најголем проблем е срамежливоста – се плашите од помислата да почнете разговор со некого.
Секогаш чекате другите да ве побараат или да ве поканат да одите некаде.
Но, светот не функционира на овој начин.
Мора и вие да покажете интерес и да преземете иницијатива.
Скорпија
Вам ви се чини дека немате вистински пријатели бидејќи секогаш се дружите со многу луѓе, но ниту еден од нив не го знае вашето вистинско лице.
Излегувате со нив, се шегувате, но скоро никогаш не зборувате за вас.
Ако сакате да го промените ова, мора да бидете поотворени и да почнете да им верувате на луѓето.
Стрелец
Ви се чини дека немате пријатели бидејќи или сте се отселиле од родното место, или пријателите се тие коишто живеат во друга држава.
Имате и многу онлајн пријатели, но сепак одвреме-навреме се чувствувате осамено.
Важно е да знаете дека само затоа што не можете да ги гледате пријателите секој ден, не значи дека не ви се блиски.
Кога станува збор за онлајн пријатели, немојте да комуницирате само преку пораки – користете и видеоповици.
Јарец
Вие имате превисоки стандарди кога станува збор за пријатели бидејќи сметате дека не можете да се дружите со кого било.
Не сакате да трошите време на луѓе кои не се исти како вас, но поради ова навистина ви е тешко да создадете конекција со некого.
Треба да сфатите дека, од една страна, сосема во ред е да имате само еден или двајца пријатели и, од друга, дека треба да бидете поотворени и да запознавате секакви луѓе.
Водолија
Најголемиот проблем кај вас е мрзеливоста.
Знаете многу луѓе кои постојано ве молат да излезете, но вие ги одбивате сите покани.
Па, кога стопати ќе одбиете некого, не можете да очекувате да продолжи да ве моли.
Ако ви недостасуваат пријатели, заборавете на мрзливоста, облечете се и излезете.
Риби
Вам ви се чини дека немате пријатели бидејќи животот е многу поразличен отколку во тинејџерските години.
Во средно сте имале безброј пријатели и постојано сте запознавале нови. Но, сега ова ви оди потешко и речиси немате време за луѓето што ги сметате за блиски.
Важно е да прифатите дека е нормално да немате многу време за дружење. Само затоа што не се гледате со пријателите секој ден како претходно, не значи дека не се грижат за вас.
Спирова С. | Црнобело