Кои се фаворитите во првата емисија на Х-фактор Адриа? (видео)
После долги најави, конечно ја изгледавме и првата емисија од новата сезона на Х-фактор. Ги запознавме новите водители и новите членови на жирито, а ги погледнавме и првите неколку кандидати.
Со оглед на тоа што има вкупно 200 избрани од 12.000 пријавени, почетните емисии се составени од најинтересните настапи.
Меѓу нив, повеќето добија 4 „Да“ и со тоа си обезбедија место во следниот круг. Но, имаше и такви кои не поминаа ниту со 3 гласа, бидејќи жирито сметаше дека го нема тој „х-фактор“.
Но, за разлика од жирито, публиката и гледачите си ги избираат своите фаворити со многубројните прегледи, лајкови и коментари, а засега најмногу има за Небојша Радиојевќ кој ја изведуваше пародијата „What the fox said“.
Покрај него, одлично се покажаа и двајцата другари од Сараево, како и девојката од Вараждин, Јелена Знидариќ:
Но, и македонскиот каратист Алмир, за кој Александра Ковач искоментира дека ѝ доаѓа да застане до него на сцена и да испеат нешто заедно.
Кој е вашиот фаворит?