Слушнете ја првата песна на Тамара Милановиќ од „Х-фактор“
По речиси повеќе од половина година од завршувањето на првото регионално реално шоу „X-фактор“, победничката Тамара Милановиќ заедно со нејзиниот брат Душан го сними својот прв сингл.
Емотивната балада е целосно нивно авторско дело, со тоа што музиката е на Душан, а текстот на Тамара. Сега тие заедно настапуваат како дует LillieWah, а нивната прва песна се вика „Bliss“.
Акустична снимка само на гитара, Тамара одлично пее и успева да остане доследна на својот стил.
Оние кои ја обожаваа и за време на „Х-фактор“ ќе бидат воодушевени од нејзината изведба.
Слушнете како звучи прекрасната изведба на „Bliss“:
Пишете ни во коментарите како ви се допадна?