Наташа Беквалац ќе ја замени Емина Јаховиќ како судија на „X-фактор“?
-->
По првата сезона на „Х-фактор Адриа“ веќе се шушка дали ќе се случи и следна сезона. Според некои најави во втората сезона, која може да ја очекуваме наесен, иако уште нема официјална потврда, на местото на Емина ќе ја видиме Наташа Беквалац.
Таа требала да се најде во жирито уште оваа сезона, но, сепак одлуката паднала на Емина.
-->
За тоа дека постои ваква можност потврдил и Мирко Вукомановиќ, директор на продукцијата МБК, но и Наташа.
„Имаше разговори и предлози, но ништо прецизно. Секако дека би сакала да бидам дел од такво шоу.“ – изјавила таа.
Која мислите дека е посоодветна Наташа или Емина?
-->
-->