На прошетка со Даниел: Целата своја енергија ја добивам од фановите (видео)
Пред големото финале на „Х-фактор“ Даниел на прошетка со екипата на српски „Блиц“ открива дека го сака чувството на адреналин и трема, кога срцето му чука забрзано пред да излезе на сцената.
Енергијата ја добива и ја обновува само со помош на фановите кои постојано му покажуваат колку го сакаат и поддржуваат.
Во секое интервју не заборава да спомне колку му значи средбата со фановите во Градскиот Парк во Скопје.
Најдобро пее и го вежба гласот кога е сам, а за најголема поддршка и најголем критичар ја смета неговата мајка.
Даниел е популарен и низ Белград, а и воопшто секаде на Балканот.
Тоа може да се забележи и за време на прошетката додека е снимано интервјуто: