Таксист во Белград ја избркал Фифи поради сексуалната ориентација
После излегувањето од „Х-фактор“, Фифи продолжи да ја гради својата кариера во Белград, каде до минатата недела изјавуваше дека е отворен град, каде конечно може да биде своја и да го живее сонот како што сака, бидејќи сите ја прифаќаат онаква каква што е. Но, само неколку дена подоцна таа излезе во јавност со други информации.
По снимањето на емисијата во која ја промовираше својата прва песна „Намерно“, повикала такси кое веднаш дошло, но откако таксистот ја препознал не сакал да ја вози и барал да излезе од неговиот автомобил:
„Возачот кога ме препозна не сакаше да тргне, одбиваше да вози, викаше и ме навредуваше. Велеше дека сум срам за моите родители, дека не сум нормална и дека треба да се засрамам. После неколку минути карање, ме исфрли надвор, а јас морав да повикам другарка за да дојде по мене“ - раскажува Фифи.
Ова е новиот хит кој го промовирала во емисијата: