Фифи има хит: Слушнете ја нејзината прва песна „Намерно“
Финалистите на првиот регионален „Х-фактор Адриа“ полека се насочуваат кон своите самостојни кариери.
Една од македонските претставнички, Фифи, која во шоуто настапуваше заедно со Маринела Џогани како дуо „H2O“, веќе ја има својата прва песна.
Уште за време на шоуто се издвои со својот изглед како транссексуалец, но и со фантастичниот и специфичен вокал, па лесно привлече внимание.
Таа е прва од финалистите во „Х-фактор“, која има своја песна, „Намерно“ за која се очекува да биде вистински поп хит.
Според реакциите на публиката досега се претпоставува дека девојките веќе имаат нова омилена песна.
Фифи е презадоволна од третманот во Белград, каде лесно се снаоѓа, добро е прифатена и за првпат го живее својот сон.
Оптимист е и верува дека ќе успее, бидејќи има луѓе кои ја сакаат таква каква што е.
Слушнете ја новата песна на Фифи, „Намерно“: