Кики Лесендриќ: Родителите на Илма ги сакаа само 200.000 евра

После две недели од последното Live Show на „Х-фактор“ од кое испадна Илма Карахмет, вестите за нејзиното разочарување не стивнуваат.

kiki-lesendrik-roditelite-na-ilma-gi-sakaa-samo-200000-evra-01

Но, не е таа единствена која е разочарана. По нејзините недолични реакции, клетви кон Емина Јаховиќ и непочитувањето кон Кики Лесендриќ, малата Илма ја разочара и публиката која дотогаш ја поддржуваше.

Сепак, проблемот не е само до неа, туку најмногу се крие во нејзините родители, кои според изјавите на нејзиниот ментор, Кики единствено важна им била наградата од 200.000 евра и договорот кој ќе го потпише победникот.

Она што предизвикало најголемо разочарување кај неа е тоа што тие веќе ја сметале за победник, а со тоа ѝ давале лажна надеж.

Сепак, според Кики, за да се биде победник на „Х-фактор“, треба навистина да го поседуваш тоа нешто посебно, покрај гласот.

За жал, Илма никогаш го немала тоа. Одлично пее има фантастичен глас, но ништо повеќе со што ќе ја привлече и задржи публиката.

Она што е најлошо е што уште на почеток на кариерата не знае да се носи со пораз, а тоа никогаш не го прават вистинските ѕвезди.

Покрај сè, тој не ја обвинува неа, туку нејзините родители кои ја воспитувале. После сите настани тој останува на тоа дека нема понатаму да соработува со неа и дека нема такви песни кои неа би ѝ одговарале.

Дали ќе успее на друг начин и колку сè уште ја сака публиката ќе се покаже во иднина.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg