Разочаран Кики Лесендриќ: Илма е последната со која би соработувал
Илма не се појави на концертот на својот поранешен ментор Кики Лесендриќ во Тузла, и покрај тоа што беше најавена како специјална гостинка.
Разочараниот Кики по овој настан изјавил: „Рече дека ќе дојде. Жал ми е што не се појави.“
Лесендриќ најпрво тврдеше дека малата Илма неправедно е елиминирана од понатамошното натпреварување, но го промени мислењето само неколку минути откако ги виде гласовите на публиката.
„Гледачите гласаа за Маид Хеќимовиќ. Очекувањата на родителите на Илма беа превисоки. Го сакаа првото место. Таа е талентирана, но првото место не беше реално доколку се гледаа нејзините гласови. Од кога публиката учествува во гласањето, секогаш има некој друг со поголем број на гласови. Не сум во контакт со Илма. И бев ментор, но сега е препуштена сама на себе. Таа е последна со која би соработувал. Едноставно, немам музика за нејзиниот глас,“ вели Кики.