Бесната Илма суптилно ја проколна Емина на Фејсбук

Многу прашина се крена синоќа откако од X фактор испадна малата Илма Карахмет, а таа се уште не може да се помири со овој факт.

besnata-ilma-suptilno-ja-prokolna-emina-na-facebook-1

Откако гласот на Емина беше пресуден во нејзиното испаѓање, пејачката се одлучила да и пише охрабрувачка порака на Илма на нејзиниот Фејсбук профил.

Емина упатила културни пофални зборови за девојчето од Кисељак, дека е млада и дека со сигурност ќе го искористи својот талент.

На тоа Илма и одговорила:

"Ти благодарам Емина, имаш свои деца па да даде Господ да те усреќат и тие тебе како што ме усреќи ти мене" - напишала под статусот на Емина младата натпреварувачка. 

besnata-ilma-suptilno-ja-prokolna-emina-na-facebook-2

Подоцна, Илма изјави за медиумите:

- Искрено, мислам дека не заслужив да го напуштам шоуто без оглед на моите години. Можеа да ме дисквалификуваат на почетокот, но не го направија тоа. Тогаш Емина Јаховиќ рече дека сум премлада, но дека одам понатаму. Не мораше да го направи ова пред самиот крај, пред финалето. Затоа ми е криво. На некој начин, не беше како што треба, нејзините коментари ме навредија, а исто така и на Кристина.

-  Овде се стана возможно – најдобрите испаѓаат, а најлошите да победат. Не мислам лично на себе, но има навистина лоши кои и понатаму поминуваат. Јас веќе реков дека сум задоволна со она што го постигнав.

Еве како Кристина изреагира после коментарот на Илма на пораката од Емина:

besnata-ilma-suptilno-ja-prokolna-emina-na-facebook-3


Ова е одговорот на Илма на реакциите на публиката и медиумите, како и неколку мислења на дел од фановите:

besnata-ilma-suptilno-ja-prokolna-emina-na-facebook-4

Кое е вашето мислење? Споделете го со нас во коментарите.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg