Даниел е во големото финале на „Х-фактор Адриа“, Илма го напушти шоуто
Даниел е еден од петте финалисти кои ќе ги гледаме на големото финале на првото регионално музичко шоу, „Х-фактор“ на 23. март во „Конбанк арена“.
Моќната изведба на „Љубави“ од Жељко Јоксимовиќ и гласовите од многубројните негови фанови низ целиот Балкан, го одведоа директно во финалето. Без ниту една отпеана песна за спас во текот на изминатите емисии, Даниел е еден од најголемите фаворити за победа.
Иако претходните настапи многу повеќе воодушевуваа, сепак тој никогаш не може да ве остави рамнодушни со својот раскошен талент.
За нас е веќе најголема ѕвезда и македонска гордост, а доколку победи се очекува да стане и вистинска балканска и светска ѕвезда.
Заедно со Даниел во големото финале ќе ги видиме и Лукијан Ивановиќ, „Доктори“, Тамара Милановиќ и Маид Хеќимовиќ
За жал, последна која го напушти шоуто, според гласовите на публиката и жирито е Илма Карахмет од групата на Кики Лесендриќ.
Доколку го пропуштивте синоќешниот настап на Даниел, погледнете го во продолжение: