Даниел вечерва ќе ја пее „Љубави“ од Жељко Јоксимовиќ

На последната елиминациона вечер во најгледаното балканско музичко шоу „Х-фактор“, Даниел ќе ја пее „Љубави“ од Жељко Јоксимовиќ.

daniel-vecerva-ke-ja-pee-ljubavi-od-zeljko-joksimovik-video-01

Со оглед на тоа што сите натпреварувачи ќе пеат песни од менторите, Даниел во договор со Жељко се одлучиле за емотивната балада која и нему му е омилена.

Се очекува ова да биде најдобриот настап на Даниел кој ќе го одведе директно до финалето на 23. март во „Конбанк арената“.

Покрај него, Маид Хеќимовиќ, исто така ќе пее песна од својот ментор Жељко.

Групата „Доктори“ ќе ја пеат песната „Da te volim“ која ја има напишано Кристина Ковач, а ја изведува нејзината сестра Александра Ковач.

Гледајте ја последната елиминациона вечер на„Х-фактор“, вечерва во 21 часот на Сител телевизија и гласајте за Даниел.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg