„Парни Ваљак“ и Наташа Беквалац гости на „Х-фактор Адриа“

Натпреварувачите веќе ги привршуваат подготовките за вечерашните настапи кога треба да пеат песни од менторите.

parni-valjak-i-natasa-bekvalac-na-x-faktor-adria-01

Она што е дополнително изненадување и големо воодушевување меѓу нив се специјалните гости во ревијалниот дел, групата „Парни Валјак“ и Наташа Беквалац.

Особено се среќни што ќе ги запознаат своите идоли од легендарната рок група. Маид Хеќимовиќ истакнал дека пораснал со хитовите како „Jesen u meni”, „Sve jos mirise na nju“, „Ljubavna“ и многу други.

Еднакви реакции има и од другата страна, Аки Ракимовски е воодушевен што ќе се сретне со овие таленти и со публиката која ги поддржува.

Наташа Беквалац, пак, е голем фан на „Х-фактор“, а после подолго време најавува дека премиерно ќе ја изведе својата нова песна „Najgora“ и дека сето тоа ќе биде придружено со спектакуларен настап со женскиот бенд „Mistik celo“ и една од најдобрите пијанистки, Ива Деспотовиќ.

Ова е последен настап на натпреварувачите пред големото финале, затоа е особено важно за кого ќе го дадете својот глас, бидејќи оној со најмалку гласови вечерва ќе мора да го напушти шоуто. Гласајте за својот фаворит и поддржете го Даниел Кајмакоски.

parni-valjak-i-natasa-bekvalac-na-x-faktor-adria-1

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg