Кој пее подобро, Даниел или татко му? (видео)

Павле Кајмакоски веројатно ѝ е добро познат на постарата публика, која ја слуша македонската изворна народна музика.

koj-pee-podobro-daniel-ili-tatko-mu-video-01

Помладата публика го дозна од неодамна како татко на нашиот омилен финалист од „Х-фактор“, Даниел Кајмакоски. Тука ни станува јасно од каде го има Даниел музичкиот талент.

Неговиот татко одамна настапувал на некои од македонските фестивали за народна музика, пеејќи за неговото родно Мислешево и неговата Струга.

Откако се преселиле во Австрија, тука доаѓал само повремено, но откако Даниел учествува во „Х-фактор“, тој го користи времето и во Македонија, па неодамна учествуваше и на фестивалот „Гоце Фест“ во Скопје.

Несомнено е дека двајцата Кајмакоски имаат раскошен музички талент, но можете ли да одлучите кој подобро пее?

Слушнете ги!

Павле Кајмакоски - „Мое Мислешево“


Павле Кајмакоски - „Во мојата Струга убава“


Павле Кајмакоски - „Струга во мисли ја имам“


Даниел Кајмакоски - „Без тебе ладно е“


Даниел Кајмакоски - „Чаје шукарие“


Даниел Кајмакоски - „Нежна ко принцеза“

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg